Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, политички партии, претседатели на судови и клучни претставници потпишаа национален пакт против убиства на активисти за заштита на човекови права и лидери на заедници, јави ДПА.
Според податоците на ООН, 178 такви убиства се извршени во таа држава, откако властите во ноември 2016 година склучија мировен договор со бунтовниците од Колумбиските револуционерни сили.
Пактот е потпишан и од Иван Дуке, кој победи на претседателските избори во оваа година. Тој ќе стапи на функција на 7 август.
Во документот се нагласува дека потписниците ги отфрлаат и осудуваат убиствата, нападите и заканите врз социјални лидери и активисти за човекови права. Сантос додаде дека владата има преземено мерки за заштита на тие луѓе, но призна, дека не се доволни.
Меѓу убиените е и Ана Марија Кротес, која работеше за претседателската кампања на Густаво Петро. Таа беше застрелана во кафуле во северозападниот департмент на Антиокија.
Минатиот петок Колумбијци од целиот свет протестираа против тие убиства, за кои се смета, дека се одговорни воглавно паравоени или криминални групи.(МИА)