• Latest

Во Кривичен продолжи судењето за Жан Митрев

November 25, 2024

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Кривичен продолжи судењето за Жан Митрев

November 25, 2024 12:07
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со сослушување на оштетени, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против доктор Жан Митрев.

Лицата во својство на оштетени – брачни партнери, родители и членови на потесните семејства на жртвите, како и лица кои се лекувале во болницата пред Судот се произнесуваа по однос на преднајава на имотно правни барања.

Барање за отштета пред Судот денеска преднајавија вкупно 7 лица, додека едно од лицата во својство на оштетено, се откажа од барањето.

Поголем дел од оштетените не знаеја да кажат точна сума и зборуваа само за тоа кој се лекувал во болницата и колку хемофилтрации биле направени, а некои од оштетените најавува и точни суми како – износи од 609 илјади денари за три хемофилтрации и околу 250 илјади денари за хоспитализација, околу 15 илјади евра минус трошите за престој во болницата…

Едно од лицата во својство на оштетени, кое се откажа од барањето за штета, пред Судот рече “битно е дека сум жив, другото не”.

На прашање од јавниот обвинител Искра Хаџи Василева, дали некој му вршел влијанија, бидејќи, како што кажа, имало сведоци кои пред Обвинителството јавувале за такви обиди, еден од оштетените само кратко кажа “не”.

Судијката, која го води случајот Лидија Петковска, информираше дека дел од повиканите оштетените, иако уредно повикани не се присутни на денешното рочиште. Дел од нив го информирале Судот, дека не се државата или се времено во болница.

Обвинителството пред Судот, на денешното рочиште прочита вкупно два искази на лица во својство на оштетени со барања за отштета.

Јавната обвинителка, Хаџи Василева, посочи дека ЗКП предвидел дека оштетените кои се повикани, а не дошле пред Судот, тогаш може да се прочита нивното изнесено предбарање за отштета.

Одбраната, на тоа, реагираше дека тоа не може да се прави, бидејќи како што посочија, имало и такви кои се откажувале од барањата за отштета. Судот, како што информираше судијката Петковска, на едно од претходните рочиште веќе донел одлука по ова прашање, за оштетените кои не може да се јават пред судот, да бидат прочитани нивните искази. Судењето продолжува на 16 декември, за кога се повикани останатите лица во својство на оштетени. Пред Обвинителството за случајот преднајава за барања за штета најавиле вкупно 283 оштетени лица. Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, со цел противправно прибавување на имотна корист. Предметот е оформен по допрен глас, откако се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје. Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева. Судскиот процес пред Основниот кривичен суд во Скопје започна во февруари лани, но поради истекот од 90 дена од последното одржано рочиште тој лани во ноември беше вратен од почеток. Процесот се наоѓа во фаза на доказна постапка, каде се изведуваат докази и се сослушуваат сведоци предложени од Јавното обвинителство.

Фото: МИА архива

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ