ВЕСТ НА ДЕНОТ
Минималната плата во март над 20 илјади денари
Економијата на земјата расте и тоа во услови на економска криза и во период на пост ковид криза. Осум квартали по ред се бележи раст на БДП, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.
Од таму велат дека во исто време инфлацијата се намалува, а се очекува во текот на годината стапката на инфлација да биде едноцифрена. Според усвоената методологија, минималната плата во март ќе се зголеми на мад 20.000 денари, а пензиите за една година бележат раст од 16 проценти
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Според Андриј Јусов, претставник на Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, до денес, главната оперативна задача на руските агресори е активноста на истокот на Украина. Сегашното засилување на руските трупи не треба да се споредува со целосната инвазија во почетокот на 2022 година, пренесува Укринформ, повикувајќи се на Главниот директорат за разузнавање.
*
Украина е длабоко загрижена поради деструктивните дејства на Руската Федерација, кои резултираат со одложување на работата на коридорот за жито во Црното Море, опструкција на иницијативата за жито во Црното Море воопшто, испорака во Црното Море и слободен пристап на храна до светските пазари, се вели во заедничката изјава на министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и вицепремиерот за обнова на Украина – Министерот за заедници, територии и развој на инфраструктурата на Украина, Александар Кубраков.
*
Иако НАТО сојузниците се во трка да ѝ помогнат на Украина во нејзината одбрана од руската агресија, истовремено прави силни напори да ги надополни сопствените резерви на оружје, муниција, опрема и воени материјали. Тоа е една од поентите на денешната прес конференција на американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, по завршувањето на Состанокот на министрите на НАТО во Брисел кој започна вчера утрото и заврши денеска попладне.
*
Два холандски борбени авиони Ф-35 пресретнале три руски воени авиони во формација во близина на Полска и ги придружувале подалеку од источноевропската земја на НАТО, соопшти холандското Министерство за одбрана.
ФЛЕШ ВЕСТИ
БОМБИ Закани за бомби во 16 училишта во Скопје и четири во Прилеп
ДОНАЦИИ Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 22 тони прехрамбени производи во Турција
БЕЗБЕДНОСТ Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со Дарко Станчиќ, раководител на Дивизијата за Европа и Централна Азија во ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор.
УСЛОВ Лидерот на Алтернатива Африм Гаши вели дека е песимист дека процесот на уставни измени ќе се спроведе годинава, ако не се прифати амандманот за борба против корупцијата.
СРЕДБА Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Северна Македонија.
СОЦИЈАЛА Педесет и две социјални семејства од Гевгелија ќе добијат социјален стан.
ЗЕМЈОТРЕС Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во централна Туркије, на длабочина од 10 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
AL- PRESS
Редакциски избор од албански медиуми: Водачите на ОВК ќе се соочат со 312 сведоци, француско –германски план за членство на Косово во ОН, албанското Собрание под полициска заштита
АНАЛИЗИ
Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија во пакетот на НАТО за помош во одбраната. Зошто?
- 20% од територијата на Грузија е под руска окупација
- БиХ, освен од Русија, се соочува со низа други предизвици по својата безбедност и стабилност
- Транснистрија претставува континуирана закана за безбедноста и стабилноста на Молдавија
Соочени со бројни безбедносни и воени предизвици, Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија спаѓаат во категоријата „земји во ризик“, брифираат извори во седиштето на НАТО во Брисел, каде што се одржува Состанокот на министрите за одбрана на НАТО…
СЛОБОДНА ЗОНА
„Аналитичарите од Софија кои припаѓаат на антирускиот блок на мислители деновиве се преокупирани со најавата на примена на интернационалниот закон Магнитски врз одредени видни бугарски бизнисмени, дел од од нив и носители на политички функции во минатото, а еден дури и одамна- да се каже така – пуштен да побегне во странство. Што значи таа порака сега, пред новите парламентарни избори, закажани за април годинава, кога две моќни држави во светот – САД и Британија стојат зад оваа своевидна црна листа, за која кај нас многу ретроградни сили, кои си ја ишкаат мувата, тврдеа дека такви листи не постојат“, пишува Љубомир Костовски во „Софија со „образ ѓон“ за западните обвинувања за корупција“.
Б. Јордановска












