• Latest

Софија со „образ ѓон“ за западните обвинувања за корупција

February 15, 2023

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Софија со „образ ѓон“ за западните обвинувања за корупција

Новите санкции по законот „Магнитски“ се однесуваат на поединци во Бугарија, но секако ќе влијаат на нејзината меѓународна позиција? Посочените партии – ГЕРБ и социјалистите „се прават на Тошо“

February 15, 2023 11:27
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Аналитичарите од Софија кои припаѓаат на антирускиот блок на мислители деновиве се преокупирани со најавата на примена на интернационалниот закон Магнитски врз одредени видни бугарски бизнисмени, дел од од нив и носители на политички функции во минатото, а еден дури и одамна- да се каже така – пуштен да побегне во странство. Што значи таа порака сега, пред новите парламентарни избори, закажани за април годинава, кога две моќни држави во светот – САД и Британија стојат зад оваа своевидна црна листа, за која кај нас многу ретроградни сили, кои си ја ишкаат мувата, тврдеа дека такви листи не постојат.

Фаталниот вашингтонски појадок

Хронологијата на настаните од последниот месец, за да скусиме е врзана за поканата за појадување во Вашингтон, ритуал кој порано значеше посебна почит, да не речеме и мотив за поединечниот чалам во политичката чаршија, годинава се претвори во соочување со „триење на носот“ заради лоши резултати во работењето на функционерот, неговата партија или земјата која ја преставува.

Од Бугарија на тој т.н. Молитвен појадок присуствувал главниот обвинител Гешев. Имаше дилеми дали на овој настан, кој го организира претседателот на САД првиот четврток во февруари бил официјално поканет споменатиот функционер, но факт е дека тој бил во Конгресот на најмоќната држава и дека има фотографии од тој настан (за прв пат манифестацијата не се прави во некој хотел, туку во една од просториите на Конгресот!).. Факт е дека обвинителот споменал дека му било порачано дека правдата не е на висока цена во нееговата земја, што е воедно и критика за него.

Појадувањето на српскиот министер за надворешни работи Дачиќ на појадокот вериојатно ќе го чини губење на коалиција со неговиот „голем брат“ Вучиќ, бидејќи вториов, во контекст на притисокот на Западот да го спроведе германско-францускиот предлог за разрешување на косовскиот јазол, смета дека министерот му мести нешто!

Набргу после појадокот (2 февруари) стигна катил ферман во Софија кој стои дека според законот „Магнитски“, насочен кон борба со корупцијата, ќе бидат санкционирани повеќе ВИП личности во бугарското општество.

Еве ја листата

Кои се тие поединци?

Првиот е Владислав Горанов, еден од најблиските луѓе на Бојко Борисов, поранешниот премиер на Бугарија и претседател на партијата ГЕРБ. На Горанов, кој е поранешен двократен министер за финансии на Бугарија, друштво му прават и тројца членови на Бугарската социјалистичка партија (БСП, кои долго време имале клучни улоги во енергетиката: пораншниот министер за енергетика Румен Овчаров и уште двајца поранешни први луѓе на атомската централа „Козлодуј“ – Иван Генов и Александар Николов, известува бугарскиот онлајн медиум mediapool.bg. За Горанов до сега немало обвинение а за „енергетската тројка“ имало.

МИНИСТЕР ЗА РУСКА ЗАВИСНОСТ Тројката која ја направила земјата зависна од Русија кога е енергијата во прашање – министерот Овчаров ја предводи

Козлодуј е една од оние нуклеарки за кои беше повикувана и Македонија да инвестира во обновата на нејзините капацитети, чин кој сега е проценет како пропаднат и економски штетен! Околу ова е вмешан и самиот претседател Радев кој нема да гласа за санкции против Москва кога се работи за нуклеарно гориво, кое Бугарија го увезува од Русија!

КОЗЛОДУЈ Нуклеарката која е папочна врска на Бугарија со Русија

Петтиот на списокот на чинители на корупција е Николај Малинов, водач на движењето „Русофили“ и обвинет за шпионажа во полза на рускиот фактор. Тој беше издавач на некогашниот левичарски весник „Дума“ и пратеник на социјалистите, но поднесе и кандидатура за претседателските избори во ноември 2021 година.

КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ Малинов се кандидираше за претседател на изборите во 2021 година

Посебно значајно е што овој пат санкциите се координирани со Велика Британија, која санкционира тројца од првите Бугари внесени на списокот „Магнитски“ – Делјан Пеевски, бизнисмен и формално поранешен медиумски магнат, потоа уште еден негов близок – Илко Желјазков и избеганиот а обвинет голем бизнисмен Васил Божков, веројатно најбогатиот Бугарин, кој е обвинет за неколку корупциски скандали во текот на владеењето на ГЕРБ, „тешки“ повеќе стотици милиони евра.

Во соопштението на Форин офисот тројцата се опишани како „поранешен пратеник, поранеше припадник на националната безбедност и најбогатиот човек во Бугарија“.

Исто како и во САД, на лицата од списокот „Магнитски“ им се забранува патување во Велика Британија и им се замрзнуваат сите ликвидни пари, согласно со глобалниот антикорупциски режим на санкции.

Од воведувањето на законот „Магнитски“ во април 2021 година, Велика Британија досега санкционирала вкупно 35 физички и правни лица.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, порачал, тврдат во изворот на информацијата дека новопоставените санкции имаат за цел „да ја поддржат Бугарија за таа да спроведе критично-важни реформи во областа на владеењето на правото“.

Изборите доаѓаат и ова не е добра „реклама“

Наведените личности се вмешани во корупција што довела до незаконско лично збогатување, подривање на демократските институции на државата и засилување на погубната зависност од руските енергетски извори, пренесува mediapool.bg.

„Корупцијата сврзана со посочените лица говори за системски модел за лично збогатување на штета на бугарскиот народ, владата и дмеократските институции. САД и Обединетото Кралство стојат цврсто со оние луѓе во Бугарија кои се стремат да се справат со корупцијата и да го закрепнат владеењето на правото“, нагласил Блинкен.

Какви се реакциите во Софија? Погодени со мерките се носители на функции, некои и вистински магнати, како Пеевски. Како ова ќе се одрази врз позициите на одредени партии во следните избори?

Коментаторот на Дојче Веле – Даниел Смилов смета дека сме сведоци на жанрот „ лице ѓон“. Иако се работи за политички пораки што укажуваат на две работи – „во безнадежно репресивни режими да ги означуваат лидерите и да ги лишат од чувството на неказнивост; во демократски држави со дефекти – да доведе до мобилизација на политичарите и граѓаните за елиминирање на корупцијата на највисоките нивоа на моќ“.

Санкциите се за поединци, но пораката е за системот во целина – нагласува Смилов, кој го користи описот „ѓон сурат“ или „ѓон лице“. Тоа е  или целосно одбивање да се препознае и разгледа системскиот проблем зад поединечните имиња. Од ДПС (социјалистите) тврдат дека нивниот човек по грешка дошол таму и бил клеветен. ГЕРБ – со посебна декларација – зазеде уште поневеројатен став: гледате, тие вредно се борат против корупцијата и ги почитуваат санкциите, но ако некој од ГЕРБ паднал во нив, тогаш тој треба да се смета за изолиран случај. Демек, на катранот му се става лажица со мед за да не се наштети со аферата на кампањата.

Овие реакции покажуваат дека цели сегменти од бугарската политичка и менаџерска класа стојат со ширум затворени очи.

Најпрвин, според медиумите, санкциите против Бугарија се без преседан по големина и сериозност за една земја од ЕУ. Бројката од осум лица ја истакнува системската природа на проблемот. Особено што освен Горанов, сите други биле во некаква правна процедура ама еден и побегнал (своевремено се пишуваше дека во јавноста имаше кладења колку дена ќе му треба на Челото, тоа е неговиот прекар, да поб егне од заторот) и тоа во земјите на Заливот од каде нема можност за враќање во Бугарија; а другите се заглавени во процедурата, постапка која нам барем ни е добро позната!

Затоа има мислења дека токму обвинителот Иван Гешев не бил санкциониран. Дали му помогнал појадокот во Вашингтон (овој пат немало маси со храна, само кетеринг кој се консумирла стоечки). Но медиумите или еден дел од нив сметаа дека обвинителството е една пирамидална организација која давала чадор за одредени партии.

ТАЈКУНОТ ВАСИЛ БОЖИКОВ Најбогатиот Бугарин беше уапсен и по три дена избега од затвор!

Борисов се поврзува особено со побегнатиот Божиков, кој ги лажирал игрите на среќа со помош на луѓе од финансискиот сектор и така станал „вреден“ 6,5 милијарди евра, со кои секаде во светот ќе најде прибежиште, па и промена на идентитетот. Се работи за сеопфатна шема за оштетување на државата, која не можела да функционира без знаење и соработка на врвот (Борисов).

Посебен поттекст на списокот испратен во Софија е што Бугарија има системски проблем со руското влијание во земјата. Новата листа става јасен акцент и на тоа, отстранувајќи некои клучни фигури во енергетската индустрија. Нема надеж за БСП, „Вазраждане“ и другите русофилски формации и водачи во овој поглед – тие свесно се потпираат на заштитата на руските интереси како политичка стратегија, смета на пример бугарскиот Дојче веле. И се препорачува Борисов да се пензионира, додека не влезе и самиот на списокот „Магнитски“.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Tags: Бугаријабугарски бизнисменизакон МагнитскиКозлодујРадевруска зависностСофија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ