• Latest
Photo: Kosovo Specialist Chambers

(ИЗБОР) Албански медиуми: Водачите на ОВК ќе се соочат со 312 сведоци, француско –германски план за членство на Косово во ОН, албанското Собрание под полициска заштита

February 15, 2023

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Водачите на ОВК ќе се соочат со 312 сведоци, француско –германски план за членство на Косово во ОН, албанското Собрание под полициска заштита

February 15, 2023 11:53
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, ТОП 5
Photo: Kosovo Specialist Chambers

Photo: Kosovo Specialist Chambers

Share on FacebookShare on Twitter

Во специјализираното обвинителство во Хаг, на судењето на водачите на ОВК ќе бидат повикани 312 сведоци, за поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, потпишувањето на француско-германскиот план е за членството на Косово во ЕУ. Албанскиот автор Акил Краја во колумна го споредува Еди Рама со Мануел Нориега. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

НАЦИОНАЛЕ: Водачите на ОВК ќе се соочат со 312 сведоци

„Од Специјализираното обвинителство соопштија дека во моментов планираат да повикаат 312 сведоци.

Имаме 188 сведоци поврзани со злосторствата. Структурата на ОВК? 110 сведоци. За постапките и однесувањето на обвинетите 63. Ако се соберат овие бројки, тие се повеќе од 312, некои сведоштва може да се повторуваат. Тоа се категориите“, велат од Специјализираното обвинителство.“, пренесе косовскиот дневник Национале.

ИНСАЈДЕРИ -Тадиќ: Потпишувањето на  француско-германскиот план е фактички за  членството на Косово во ОН

„Не можете од една страна да кажете дека ќе го спречите членството на Косово во Обединетите нации, а од друга страна да потпишете таков договор“, изјави поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, во врска со европскиот план за нормализација на односите. план за кој актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ вели дека го прифатил, но дека не се согласува да дозволи членство на Косово во ОН, пренесува косовскиот медиум Инсајдери.

ЛЕЅО: Полицијата го заклопи  влезот во Собранието, околу 1100 полицајци на готовност

„Околу 1.100 полицајци ќе бидат подготвени за протестот на опозицијата денеска пред Собранието. Целиот периметар на зградата на пленарните седници ќе биде опкружен со сини униформи, додека на целиот простор се зголемени безбедносните мерки“, пренесе албанскиот дневник Леѕо.

ПАНОРАМА: Опозициските протести ќе продолжат, ќе бидат силни и незапирливи

„Протестите ќе продолжат, ќе бидат долги,  но нема да бидат насилни, туку силни и незапирливи додека Рама не биде принуден да си замине“, изјави пратеникот од  Демократската партија, Луан Бачи.

„Имаме избори на 14 мај, а ПД е единствената партија која не се пријавила во ЦИК бидејќи е во заложништво со судска одлука. Имаме 61 општина со 61 именуван градоначалник, значи имаме монистичка моќ во локалната власт. И сега сакаат да не дозволат ПД да се регистрира“, додава Бачи, пренесува албанскиот дневник Панорама.

ТВ 21: Гаши со остри критики за политичкиот морал на поранешните партнери

„Се плашам дека со оваа постапката на СДСМ и ова ново мнозинство, мислам дека европската иднина е во голема мера загрозена и сметам  дека е тешко да се дојде до ситуација да се гласа за уставни измени, но доколку има таква иницијатива 3-те гласа на Алтернатива секогаш ќе работат за доброто на граѓаните“, потврди Африм Гаши, претседател на „Алтернатива“, пренесе ТВ 21.

ПАНОРАМА: Пред американската правда, крајот на Еди Рама се чини како крајот  на Мануел Нориега

„Нориега им помогна на САД како посредник во тешките односи со Куба на Кастро или Никарагва на сандинистите, а истото се пропагира и за односите на Рама со Србија на Вучиќ или Турција на Ердоган. И во двата случаи, и Панама и Албанија се територии со високи геостратешки интереси за западниот свет.“, пишува меѓу другото авторот Акил Краја во колумната „Пред американската правда, крајот на Еди Рама се чини како крајот  на Мануел Нориега“, објавена во албанскиот дневник Панорама.

Д. Тахири


Сите права се задржани.

Tags: албански медиумиизборКосовоОВКОНПротестиРамарегионсведоциТадиќТиранафранцуско-германски предлог
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ