• Latest

Во недостиг на правни и политички лекови, судството ќе го лечиме со лековити дрва

February 23, 2018

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Во недостиг на правни и политички лекови, судството ќе го лечиме со лековити дрва

February 23, 2018 10:56
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На местото од каде вчера беше отстранет споменикот на Андон Јанев Лазов – Ќосето, пред комплексот судови, ќе никне Гинко-билоба дрво, коешто според градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе биде „Дрво на човековите права“.

пишува: Маја Ивановска

На дрвото ќе стои изгравирана плоча донирана од збратимениот град Нирнберг на која ќе биде испишан текстот од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации во кој стои „Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“.

Ако излеговме од екстазата поради отстранувањето на Ќосето, ајде уште еднаш да се потсетиме, што тоа правевме изминативе години, за што се боревме, зошто ги меревме улиците, кој не правеше будали и зошто повторно ни се случува истото?

Не би имало ништо чудно во пораката која што градоначалникот на Скопје сака да ја пренесе до граѓаните, доколку навистина се применува во пракса и доколку почувствуваме барем еден исчекор нанапред во справувањето со коруптивното судство во земјата. Но флоскулата „дека правдата е слепа“, која македонското правосудство многу пати досега ја покажа и докажа на дело, се чини дека ќе продолжи да живее и понатаму. Но, не онака како што треба, туку преку селективната правда која и понатаму се дели во нашата држава.

Сè додека кражба на 100 ќебапчиња, неколку тегли ајвар или, пак, некој кубик дрва според македонските судии е поголем криминал од затајувањето данок од страна на заштитените мечки, нема да имаме еднаков пристап до правда за сите!

Инаку, Гинко е листопадно дрво коешто може да расте и до 40 метри и има голема отпорност на екстремни услови (отрови, загадувачи, радијација, инсекти итн.). На ова дрво му се припишуваат голем број лековити својства, но сè уште не е познато како врз него делуваат корупцијата, алармантната загаденост на правосудниот систем и Сваровски кристалите.

Очигледно, Гинкото останува последна надеж за македонското правосудство, со оглед дека експертите избегаа од Советот за реформи во правосудството. Се разбира, ако во меѓувреме не ја доживее судбината на Коцевите палми.

 

Tags: ГинкоДрво на човековите праваПетре ШилеговправдаправосудствосудењеЌосето
Share40TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ