Во Вишиот суд во Нови Сад, денес треба да започне судењето на членовите на Движењето на слободни граѓани и групата Став, обвинети за обид за уривање на уставниот поредок.
Во обвинението се опфатени 12 лица, а тие се товарат за кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија во ко-извршување во врска со кривичното дело напад врз уставниот поредок и кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок
Тие беа уапсени на 14 март, откако медиумите објавија аудио снимка на која се слушаат луѓе идентификувани како членови на ПСЖ како планираат да влезат во зградата на РТС за време на протестот на студентската блокада на 15 март во Белград.
Д. Т.












