• Latest
Добро утро со Орданоски

Во Париз, повторно, без нас ќе се решава за нас

June 1, 2022

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Во Париз, повторно, без нас ќе се решава за нас

Ако се точни некои проценки, регресивните (мнозински) политички сили во Бугарија веќе се влезени во сценаријата според кои се надеваат на темелна, општа, внатрешна дестабилизација на Македонија во која ја гледаат шансата за понатамошно авансирање на својата антимакедонска агенда. Франција тоа би морала да го знае. Затоа е оваа иницијатива на Макрон, за нас, како одење по острицата на „ножот“ на нашата стабилност. Дозволено ни е да дуваме и на маштеница!

June 1, 2022 07:44
in АНАЛИЗИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Според информациите од бугарските медиуми – бидејќи македонските квалификувани извори по таа тема си молчат како мачорот да им го изел јазикот – францускиот претседател Емануел Макрон деновиве ќе ги повика (ако е тој глагол вистинскиот опис на најавената иницијатива) господата Петков и Радев во Париз за да им презентира (и овој глагол којзнае што точно опишува) предлог за укинување на ветото на Софија за започнување на преговорите на Македонија (и Албанија) со Европската Унија. Агенцијата БГНЕС, којашто ја објави веста од бугарски извори, уште и објави дека Софија, наводно, во најавата за поканата добила ветување од Париз дека „сите бугарски барања ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Северна Македонија и дека нивното спроведување ќе го гарантира лично Макрон”.

Не е прв пат бугарските „извори“ да лажат за тоа што велат или ветуваат нивните сојузници во Унијата околу решавањето на фрустрациите што ги имаат Бугарите поради кои го блокираа нашиот евро-интегративен прогрес. Ама, па, кога е Франција и односот кон Македонија во прашање, ги имаме сите причини превентивно да „дуваме на маштеница“, бидејќи од богатиот каталог на сите европски дволичности на кои сме биле изложени во децениите зад нас (да не одиме подалеку во историјата), Франција била еден од највалканите играчи кон нас. Впрочем, „корените на злото“ за сегашната катастрофална бугарска политика за Македонија се комотно ситуирани токму во претходното „вето“ на самиот Макрон кога, ономад, ЕУ реши да ја менува „методологијата“ за проширувањето на Унијата. Од тогаш наваму, вестите се само од лоши – полоши. Принципи – „нула“; интереси – „сто“. Резултатот е 100:0 за нив.

Ако се точни некои проценки, регресивните (мнозински) политички сили во Бугарија веќе се влезени во сценаријата според кои се надеваат на темелна, општа, внатрешна дестабилизација на Македонија во која ја гледаат шансата за понатамошно авансирање на својата антимакедонска агенда. Франција тоа би морала да го знае. Затоа е оваа иницијатива на Макрон, за нас, како одење по острицата на „ножот“ на нашата стабилност.

Од друга страна, на Макрон во јуни му завршува францускиот мандат на претседавањето со Унијата, а на 12 (прв круг) и на 19 јуни (втор круг) Франција излегува на парламентарни избори. Според мајските мерења на рејтинзите (на интернет може да се најдат десетина споредбени истражувања на сегашното француско јавно мислење) меѓу 577 членови на новиот, 16-ти состав на француската Национална асамблеја во Петтата Француска Република, заедничката граѓанска коалицијата што ја предводи Макроновата „Република во движење“, според бруталниот мнозински изборен модел, се надева да освои убедливо мнозинство во тамошниот Парламент.

Зборот ми е, нема Макрон никакво домашно „аџале“ – да не кажам притисок – во врска со проширувањето на Унијата, бидејќи таа тема не се ни спомнува на француските парламентарни избори, а и ако ја има се појавува само маргинално, во контекст на наглите украински евро-амбиции. Што значи дека и оваа „бугарска“ иницијатива на Макрон, ако се испостави дека веста за неа е точна, не е резултат на никаков „национален интерес“ на Франција, туку е повеќе прашање на претседателовата општа државничка суета, отколку на реална политичка потреба за продуктивна грижа кон Западниот Балкан. Француските претседатели, по правило, имаат „надуени“ суети поголеми од делотворноста на нивната реална меѓународна моќ, но за повремено правење штета се мајстори на занаетот. И секогаш со одбрани зборови, со тапкање по рамо и со пораки за поддршка. Вив ла Франс!

Според тоа, во Париз (повторно?), макар и „транзиторно“, ќе ни се решава судбината, без нас на масата. Секакви глупости се можни, со проблематични последици по нашите државни прозападни перспективи, за чија вистинска содржина некои идни генерации евентуално ќе читаат во анегдоталните мемоари на сојузниците кои ќе седат околу масата во Елисејската Палата. Реално е да се очекува дека резултатот ќе биде неповолен за нас, прашање е само колку ќе нѐ здоболи и во која боја ќе биде „целофанот“ во кој ќе биде спакуван тој париски француско-бугарски договор.

Поинаков исход би бил изненадување, а ние одамна не сме претплатени на „њуслетерот“ со добри европски вести. Којзнае дали вистински зборови на утеха ќе чуеме и од германскиот канцелар Шолц кој, баш околу времето на париската средба, ќе престојува и во Скопје, на својата балканска турнеја. Така, протоколарно.

Ни останува да се надеваме дека македонската политичка елита – и онаа на власт и онаа во опозиција – ќе знае да го дочека резултатот од париското „финале“ со некаква достоинственост, по можност без меѓусебни обвинувања и плукања. Сѐ друго би било под нивото на сериозноста на таа ситуација. Премногу ли е барем тоа да се очекува?


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ