• Latest

Во понеделник започнува предизборната кампања

September 22, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во понеделник започнува предизборната кампања

September 22, 2017 14:18
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во понеделник, на 25 септември, почнува изборната кампања за Локалните избори 2017 што треба да се одржат на 15 октомври.

Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.

Иако официјалниот старт на предизборната кампања е во понеделник, кандидатите за градоначалници одамна ја започнаа својата кампања во општините, преку средби со граѓаните.

Партиите како и на претходните, предвремените парламентарни избори, веќе започнаа со кампањата, која и оваа година е повеќе насочена кон оцрнување на противниците, наместо кон реална понуда на програми.

Со жрепка во Државната изборна комисија беше утврден редоследот во Единствената листа на кандидати на гласачките ливчиња. Листи со кандидати за градоначалници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.

Прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора – Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП, трета – ДУИ, четврта – Коалицијата за Битола (ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците), петта – Коалицијата „Заедно за Гази Баба“, предводена од Беса, шеста – НДМ, седма – ВМРО-ДПМНЕ, осма – Народно движење на Турците, деветта – Алијанса на Албанците, десета е ТМРО, единаесетта – Демократската парттија на Турците, ГРОМ е 12-ти, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 13-та, Беса е 14-та, ДПА е 15, Левица е 16, ПДП е 17-та, Сојузот на Роми е 18-ти, а СДСМ е 19-та на гласачкото ливче.

Листите на кандидати за членови на совет и листите на кандидати за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител ќе имаат ист реден број во сите општини.

Во општината каде што нема свој претставник, соодветниот број на подносителот ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител, без оставање на празно место.

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени, отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува најдоцна до 24 септември. ДИК го потпишува Избирачкиот список и изводите од него, најдоцна до 29 септември.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври. 

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

 

Tags: 19 партии64 групи избирачиДИКЕдинствената листа на кандидатиизбирачки списокизборна кампањаЛокални избори 2017оцрнување на противниците
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ