• Latest

Во просек жените во земјава извршуваат 72,5 отсто од вкупната неплатена работа поврзана со грижа

November 4, 2021

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Во просек жените во земјава извршуваат 72,5 отсто од вкупната неплатена работа поврзана со грижа

November 4, 2021 15:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
 Во просек жените во земјава извршуваат 72,5 отсто од вкупната неплатена работа поврзана со грижа, а одвај четвртина од оваа работа е на мажите. Во просек мажите трошат повеќе време на платена работа (вработување), додека пак жените посветуваат повеќе време на неплатена работа поврзана со грижа. Кога станува збор за балансирање на одговорностите меѓу родителите, сегашното законодавство не дава можност за заеднички модели на родителско отсуство, кои ќе ја земат предвид улогата на двајцата родители во грижата и воспитувањето на децата.

Ова го покажува последната студија на Реактор – Истражување во акција, „Мажите и грижата (МиГ): Грижлив маскулинитет во Северна Македонија“, која се фокусира на состојбите со неплатената работа и грижа и ги разгледува и родовите јазови во платената и неплатената работа, фокусирајќи се на мажите и грижата, како и на политиките за родителско и татковско отсуство.
Васка Лешоска, координатор за истражување во Реактор – Истражување во акција денеска онлајн ги презентира дел од резултатите. Информира дека на пазарот на труд како активни баратели на работа во последната година – 77 отсто се мажи, а 54 отсто жени.
Таа рече дека се осмелиле да претпостават што би било ако времето поминато во неплатена домашна работа се наплати барем со минимална плата, таа би имала монетарна вредност од 1,917,895,508 евра, што е 17,18 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјава за 2019 година. Додаде дека е неопходно да се препознае вредноста на неплатената грижа и потребата од изнаоѓање соодветни формални решенија за неформалната економија на грижа.
Светлана Цветковска, раководителка на Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика посочи на Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 во која визијата е да се постигне родовата еднаквост во општеството, каде еднакви права ќе имаат девојките, жените, момчињата и мажите. Исто така да имаат и пристап до ресурси, можности за заштита во сите сфери на животот…
Таа информира дека ресорното министерство подготвува нов закон за родова еднаквост со цел, како што рече, усогласување на нашето законодавство со европското. – Законот е во подготвителна фаза и има насоки да биде унапредена машинеријата за родова еднаквост, рече Цветковска.
Цветковска изјави дека се работи на донесување нов Закон за работни односи. – Со одредбите во овој закон се предвидува и родитилското отсуство, со што ќе се унапреди и родовата еднаквост. Сметаме дека воведувањето на споделеното родителско отсуство ќе значи многу за раниот развој на децата, рече Цветковска.
Бојан Јовановски од ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување смета дека учеството на мажите во промоција на родовата еднаквост е прилично недоволна. Се осврна на т.н. грижлив маскулинитет во образованието и за родово сензитивното образование кое е најавено во реформата на новата концепција во основното образование. Смета дека сексуалното образование, кое е како изборен предмет во деветто одделение, може да претставува револуционерен потег за општеството во целина и за граѓанските организации и групи. Посочи дека годинава има силен бојкот на претставници на т.н. антиродови организации и здруженија на родители кои, како што рече, се противат на овој концепт.
Според него, како држава потребно ни е културно поместување за да може прашањето на ангажирањето на мажите во родовата еднаквост да добие појасна форма во овој јавен дискурс.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ