поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Нелогично е како вработени по Рамковниот Договор да се третираат тие кои повеќе од десет години од буџетот примаат пари без да одат на работа. Во Рамковниот Договор таква можност ниту има, ниту може да постои.
Со каков закон, кои услови ги исполниле, за да го стекнат тоа право до сега, за отсега да бидат вработени, како што вели Груби, „со лек специјалист“ (како што е цитиран), никому не е познато. Сепак, не е тајна дека првобитната евиденција е извршена во партиските ограноци.
Иако и до сега постои стручна служба со вицепремиер на чело (само не прв), дури сега Груби ќе формира работна група да „анализира колку има економисти, правници, ИТ инженери, колку се со средно образование“.
Дамјан Манчевски истото го работеше три години и очигледно безуспешно бараше празни места во администрацијата. Во јавната администрација не само што нема празни работни места, туку, не отсега, има вишок вработени.
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.