• Latest

Во Росоман се реализира меѓуграничен проект вреден 15 милиони денари

May 21, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Росоман се реализира меѓуграничен проект вреден 15 милиони денари

May 21, 2018 10:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Росоман се реализира меѓуграничен проект вреден 15 милиони денари. Како што информираше градоначалникот Бранко Јанев, се работи за ИПА  проект кој општината  го спроведува во соработка  со Фондацијата “Тиквешки вински пат” од Кавадарци, за реконструкција на старото училиште. Инвестицијата  вреди околу 15 милиони денари, а е плод на прекуграничната соработка со Грција. Со отварање на Мултимедијален  центар за храна, вино и туризам, ќе започне развојот на руралниот туризам во Росоманско. 

Јанев соопшти дека локалната самоуправа  Росоман деновиве влегува во реализација на предвидените инфраструктурни активности, изградба и реконструкција на патишта и улици во општината.  Тој соопшти дека за почеток, за овие активности се предвидени околу три милиони денари сопствени средства, а ќе се изградат неколку улици во скоро сите населени места. Некои од нив со асфалтирање, а други со поставување бекатон плочки. Ќе се интервенира на улиците „Цандо Кузманов“ и „Пере Тошев“, но и во селата Трстеник, Сирково, Манастирец и Дебриште.

– Истовремено, покрај тие  средства, во соработка со Вардарски плански регион, а преку Бирото за регионален развој,  имаме на располагање други скоро три милиони денари за реализација на крак од атмосферска канализација во Росоман, два милиона за дозавршување на одамна  започнатиот локален пат од Камен Дол до Мрзен. Преку Бирото за регионален развој обезбедивме средства за изработка  на планска документација, без која не може да се аплицира за достапни  средства,  во висина од околу 500 илјади денари, рече градоначалникот. Овие пари ќе бидат искористени за изработка и реализација на проекти од инфраструктурен карактер, изградба на канализации и водовод, рече градоначалникот.

Исто така, преку Министерството за животна средина биле аплицирани и добиени  уште триста илјади денари,  за изработка на проектна документација за еден од најпроблематичните делови во Росоман, одводнување на таканаречениот дел “бавчи”.

(МИА)

Tags: Бранко ЈаневмеѓуграниченМултимедијален центарпроектРосоман
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ