• Latest

Во сабота ќе се именува новиот јавен обвинител

November 21, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во сабота ќе се именува новиот јавен обвинител

November 21, 2017 10:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за сабота, 25 ноември, ја закажа седницата на која треба да биде именуван нов јавен обвинител на Република Македонија. Ова, како што објавува МИА, ќе биде втора продолжена работна седмица за пратениците кои во саботата расправаа за прераспределбата на средства од
Буџетот за 2017.
Владата му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители. Јовески е предложен за нов јавен обвинител откако, согласно пропишаната постапка, за него позитивно мислење даде и Советот на јавни обвинители.

За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување. На огласот за нов јавен обвинител се пријавија 23 кандидати, а Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење само за двајца од нив.

Постапката за избор на нов јавен обвинител се одолжи поради локалните избори што се одржаа минатиот месец.

Јавното обвинителство на Република Македонија остана без прв човек откако Марко Зврлески на 17 август оваа година беше разрешен од должноста. До именувањето нов јавен обвинител, оваа функција ја извршува Лилјана Спасевска.

Во рамки на 22-та седница закажана за сабота, како што објави МИА, на дневен ред се и измените и дополнувањата на законите за судски совет и за заштита на сведоци, закон за престанок на важењето на Законот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, како и измените и дополнувањата на законите за пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за акцизите, сите по скратена постапка.

Собранието деновиве е со набиена агенда. По вчерашната посета и средбите со еврокомесарот Јоханес Хан, денеска се закажани неколку седници на парламентарни комисии и 21-та пленарна седница, а во посета е и пратеничката група за меѓупарламентарни односи со Република Македонија на Врховната рада на Украина.

Утре ќе почне амандманската расправа во Комисијата за европски прашања за законот за употреба на јазиците. Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Беса поднеле шеесетина амандмани по предлог текстот.

Во понеделник, пак, на 27 ноември треба да почне заседанието на Комисијата за финансирање и буџет на чиј дневен ред е Предлог-буџетот за 2018 година, а тој на пленарна седница би можел да се најде на 11 или 12 декември.

Собранието до крајот на годината треба да одржи седница за поставување пратенички прашања, прва од формирањето на новата Влада, со редовното годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов и за ратификација на договорот со Бугарија.

Tags: Љубомир ЈовескиМарко Зврлевскинов јавен обвинителСобраниеТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ