Американските власти подигнаа обвиненија против 13 руски граѓани и три руски органзиации за вмешаност во политичкиот процес во САД.
Канцеларијата на специјалниот советник Роберт Мјулер соопшти дека обвинетите се претставувале како американски граѓани и управувале со профили на социјални мрежи за да привлечат внимание на јавноста во САД за време на изборната трка меѓу републиканецот Доналд Трамп и кандидатот на демократите Хилари Клинтон.
Тие се товарат дека прекршиле кривични закони на САД со својата вмешаност во американските претседателски избори и политичките процеси во државата.
Против нив се поднесени обвиненија за заговор, банкарски и интернет измами, тешки кражби на идентитет. Во обвинението се вели дека тие користеле компјутерски системи во САД за да прикријат „руско потекло“ на своите активности.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.