• Latest

Во системот на УЈП над 14.000 трговски поединци и самостојни вршители опфатени со мерката 14.500 денари плата

April 18, 2020
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: До Собранието не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер на Народната банка

May 15, 2025
Фото: скриншот Х

(Видео) Инциденти меѓу демонстранти и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

May 15, 2025

Медиумски takeover ден посветен на важноста на семејството во животот на секое дете

May 15, 2025

Тирана домаќин на европскиот Самит; Ќе присуствуваат 47 лидери од целиот континент

May 15, 2025
Фото: ФБ meKreshnik Bekteshin

Бектеши во куќен притвор

May 15, 2025

Косовските партиски лидери на конултативен состанок кај претседателката Османи

May 15, 2025
Додик/Стевандиќ

Политичка симбиоза во Република Српска: Вето врз одлуките на Претседателството

May 15, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Во системот на УЈП над 14.000 трговски поединци и самостојни вршители опфатени со мерката 14.500 денари плата

April 18, 2020 09:26
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 14 илјади трговци поединци и самостојни вршители на дејност се регистрирани во Управата за јавни приходи, кои се опфатени со мерката за 14.500 денари за плата. Оние кои ги исполнуваат условите од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, барањата до Управата за јавни приходи ќе ги поднесуваат на почетокот на мај, односно до 5-ти во месецот. Од УЈП најавуваат дека работат на подготовка на барањето и дека наскоро ќе го објават.

„Во системот Е-персонален данок на Управата за јавни приходи евидентирани се вкупно 10.280 обврзници кои поднеле образец ДЛД-ДБ за 2019 година и 3.865 обврзници со утврден годишен паушален нето доход. Истите ќе се квалификуваат за користење финансиска поддршка доколку ги исполнуваат условите од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, за време на вонредна состојба (,,Службен весник” бр.92/2020)“, велат за МИА од Управата за јавни приходи. 

Обврзници кои поднесуваат ДЛД-ДБ образец се трговци поединци и вршители на самостојна дејност.

Од овие, барање ќе може да поднесат и да добијат финансиска поддршка само оние кои ќе ги исполнат условите, а кои се однесуваат на тоа во март да имаат најмалку 30 отсто намалување на приходите во однос на месечниот просек во 2019, оние кои се основани по март 2019 да имаат најмалку 30 отсто пад на приходите за месеците април 2020 или мај 2020 во однос на просекот од минатата година вклучително и јануари и февруари 2020, а за сезонските вршители на дејност да имаат пад на приходите за над 30 отсто во последниот сезонски период од четири месеци со истиот период претходната година.

Мерката не може да ја користи самостоен вршител на дејност кој во 2019 година има нето доход пред оданочување или утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари.

Добиената поддршка ќе треба да се врати во Буџетот, но најмногу до износот од 50 отсто од износот на искажаниот финансиски резултат за 2020 година пред оданочување, во Билансот на приходи и расходи, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели од Годишниот даночен биланс за утврдвање на данокот на доход.

Добиените средства ќе треба да ги врати во три месечни рати во април, мај и јуни 2021 година.

Мерката се однесува на занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци и други самостојни вршители на дејност, а уредбата е донесена на владина седница на 2 април 2020 година.

Од УЈП наведуваат дека во тек е постапка за поставување на барањето на системот на УЈП, преку кое може да се аплицира.

Мерката 14.500 денари за вработен може да ја користат и работодавачите од приватен сектор погодени од здравствено-економската криза, што е пропишано со друга Уредба донесена од Владата на 1-ви овој месец.

Мерката 14.500 денари за плати по вработен е дел од вториот сет економски мерки на Владата за справување со кризата, а целта е да се поддржи ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштитата на работните места на работниците во услови на криза.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ