• Latest

Во Скопје од март ќе може да се изнајмуваат и електрични возила исто како тротинетите

December 23, 2024

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Скопје од март ќе може да се изнајмуваат и електрични возила исто како тротинетите

Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот општини каде ќе биде поставена инфраструктура за полнење на електричните возила, а полначите според министерката Божиновска ќе се напојуваат исклучиво со електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

December 23, 2024 13:50
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Писмо за намери за поддршка на првиот проект за 100-проценен електричен кар-шеринг, односно систем за споделување електрични возила, на словенечката приватна компанија „Авант кар“ денеска потпишаа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Се работи за приватна инвестиција на „Авант кар“ од Словенија  во систем за заедничко користење на возила, а се предвидува проектот да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија. Неговата тест фаза ќе почне во февруари, а во март ќе може да се почне со целосната услуга. За користење на услугата ќе биде неопходна мобилна апликација преку која ќе се наоѓа достапно електрично возило, а плаќањето ќе биде дигитализирано или преку платежна картичка. За изнајмувањето електрична возило ќе се плаќа по минута и изминат километар. Во февруари ќе се знае колку ќе чини изнајмувањето, но како што вели сопственикот на „Авант кар“, Матеј Чер е пониско од користењето на такси услуга и во просек ќе биде од три до шест евра, а од центарот на градот до Скопскиот аеродром ќе чини од 10 до 15 евра. Како што најави Чер, веќе се подготвени 100-тина електрични возила за Скопје.

Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот општини каде ќе биде поставена инфраструктура за полнење на електричните возила, а полначите според министерката Божиновска ќе се напојуваат исклучиво со електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

Таа истакна дека е за поздравување секоја иницијатива која придонесува да се смени сегашноста на подобро.

-Овој договор претставува партнерство изградено на иновација, акција и заедничка верба дека јавните институции и приватните компании можат заедно да постигнат одлични резултати. Авант кар веќе го докажа трансформативниот потенцијал на своите проекти во Љубљана, Дубровник, Загреб и Виена. Нивниот систем за споделување електрични возила значително го намали сообраќајниот метеж и го подобри квалитетот на воздухот. Нивната иновативна инфраструктура за полнење напојувана со обновлива енергија постави репер за решенија за зелена мобилност, рече Божиновска.

Нагласи дека системот за споделување на електрични возила не е само модерен начин на транспорт, туку е и доказ за нашата амбиција да се усогласи технологијата со одржливоста.

-Со вакви иницијативи испраќаме јасна порака – Македонија е земја што ја вреднува својата иднина и презема акција за да ја обезбеди. Покажуваме на приватниот сектор дека ова е место каде иновациите успеваат, а инвестициите носат трајни резултати, потенцира Божиновска.

Вицепремиерот Меџити истакна дека Скопје мора да направи нешто за да го врати чистиот воздух, здравата животна средина и зелените перспективни, нешта што ги изгуби.

-Денеска започнуваме нешто за што се надеваме дека ќе остави почисти улици, поздрави граѓани и светла иднина за Скопје. Потпишувањето на писмото за намери претставува конкретна и видлива акција за решавање на еден од најгорливите предизвици со кои се соочуваме, загадениот воздух. Претставува можност за поздраво и поеколошко Скопје, посочи Меџити.

Целта е, додаде, на овој начин директно да влијаеме на намалување на емисиите на ЦО2 и загадувањето што е и приоритет на МЖСПП, а воедно и граѓаните да имаат можност за поекономичен транспорт.

-Како Министерство нашата задача е да ги поддржуваме ваквите иновативни решенија кои имаат директен и позитивен ефект врз животната средина. Овој проект е доказ дека е можно преку јавна поддршка и приватна иницијатива да создадеме поздрави урбани средини, рече Меџити и додаде дека верува оти електричниот кар-шеринг ќе биде модел и за другите градови во земјава и ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж.

Компанијата „Авант кар“ е присутна на пазарот повеќе од 20 години и работи во Словенија, Хрватска и Австрија. Пред 12 години почна со електрична мобилност и во моментов има повеќе од 10.000 електрични возила. Со кар-шеринг започна во 2016 година во Љубљана каде сега тоа е дел од јавниот транспорт и го користат сите слоеви на заедницата.

Фото: Принтскрин

  

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ