• Latest

Во Собранието се расправа за заем за Проектот за унапредување на основното образование

March 16, 2021
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Во Собранието се расправа за заем за Проектот за унапредување на основното образование

March 16, 2021 15:14
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците денеска во рамки на продолжението на 29. седница расправаа за Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, по скратена постапка.

Основната цел на проектот е да ги подобри условите за учење во основното образование во земјата. Овој предлог-закон се заснова на обезбедување финансиски средства за да се овозможи реализација на Проектот за унапредување на основното образование. Оттука, Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка ќе склучат Договор за заем наменет за реализација на Проектот за унапредување на основното образование, во износ од 21.5 милиони евра. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која веќе функционира во рамки на Министерството за образование и наука. Во имплементацијата на проектот ќе бидат вклучени и Бирото за развој на образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, општините и основните училишта.

Проектот се состои од повеќе компоненти: подобрување на учењето на ниво на училиште (15.11 милиони евра), реформа на следењето и оценувањето на националниот прогрес во учењето (1.895 милиони евра), зајакнување на компетенциите на наставниот кадар, стручните соработници и директорите на училиштата (2.9 милиони евра), управување со секторот, раководење со проектот и мониторинг и евалуација (1.54 милиони евра)…

Во претпладневниот дел од расправата пратениците од опозицијата укажаа на презадолженоста на државата, се осврнаа на вредноста на Проектот за унапредување на основното образование – 21,5 милиони евра. Според нив, има загриженост кај образовната фела, кај професорите, наставниците, кај родителите, кај учениците. Пратениците посочија дека ресорната министерка Мила Царовска не присуствува на седницата, а не присуствувала и на собраниската комисија.

Според пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ, ниту едно евро нема да се потроши за училиштата и за учениците туку, како што рече, сите пари ќе одат за политички кампањи.

– Да за реформи во образованието. Образованието е динамичен процес и секогаш може подобро и повеќе и секој денар вложен во образование е добро вложен. Но, не за неосмислени и нарачани реформи во образованието од туѓи центри на моќ кои не и мислат ништо добро на Република Македонија, нагласи Трајанов.

Халил Снопче од Алијанса за Албанците потсети на досега спроведените реформи во образованието, од основно до високо образование. Според него, треба да се зборува за наставниците кои, како што рече, се главен двигател на реформите и неопходно е да се инвестира во нивна обука за да имаме прогрес. Тој смета дека за подобро образование во земјава, потребни се и современи и модерни училишта.

На овие забелешки не се согласуваат пратениците од владејачкото мнозинство, според кои преземените чекори се во насока на подобрување на состојбите.

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза до 16 часот.

На дневен ред на 29. седница се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за библиотеките, Законoт за заштита на културното наследство и на Законот за прекршоците, сите по скратена постапка. Меѓу точките на дневниот ред се и предложените измени и дополнувања на Законот за личната карта, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Бастри Бајрами, Кастриот Реџепи, Биљал Касами, Фадил Зендели, Сурија Рашиди, Илире Даути, Артина Ќазими, Зиадин Села, Халил Снопче, Абдула Салиу, Сафије Садики Шаини.

На седницата треба да се разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, на Законот за метрологијата, на Законот за заштита и благосостојба на животните и  на Законот за идентификација и регистрација на животните, сите во прво читање.

Дел од точките на дневниот ред е и Информацијата за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно до 21.12.2020 година, поднесен од пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ