• Latest

Во среда ќе се знае дали Грујевски и Бошковски ќе бидат екстрадирани

December 14, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во среда ќе се знае дали Грујевски и Бошковски ќе бидат екстрадирани

December 14, 2017 09:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Грујевски и Никола Бошковски, Судот во Солун ќе ја соопшти идната среда. 

Покрај комплетната документација испорачана од Македонија, Судот вчера го ислушал и исказот на нивниот адвокат Петар Василев, кој тврди дека делата за кои се обвиниети двајцата поранешни разузнавачи се спротивни на многу закони во Македонија и Грција. Според него, судот треба да ја одбие екстрадиција бидејќи стравува дека во македонија ќе немаат фер судење и оти нивните животи ќе бидат под закана.

Судот треба да ја донесе одлуката, откако на рочиштето ќе ја сослуша и сопругата на Грујевски, која е предложена како сведок во негова одбрана.

Рочишето вчера беше затворено за јавност, по барање на еден од нивните адвокати.

Грујевски и Бошковски се во притвор во затвор во близина на Солун. На двајцата во Солунскиот суд им се суди и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на 18 октомври годинава на аеродромот во Солун, кога се обидоа да заминат за Будимпешта.

Последното рочиште за лажните пасоши на 1 декември не се одржа бидејќи не беше присутен еден од останатите обвинети, кој исто така бил заедно со Грујевски и Бошкоски. Ова судење е одложено за 17 мај 2018 година.

Судењето за лажните пасоши е одвоено од постапката за нивна екстрадиција.

Инаку, двајцата во меѓувреме поднеле и барање за политички азил во Грција.

Грујевски и Бошковски, кои се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БошковскиГрујевскиекстрадицијаМакедонијаСолунсудење
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result