Во тек е повикот за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Крајниот рок за пријавување е 30 септември, до 17 часот. Од организацијата информираат дека е доволно да се аплицира само еднаш и дека сите што аплицирале, без исклучок, поединечно ќе бидат информирани дали нивната апликација е прифатена или не.
ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА
Постапката за селекција на апликациите ќе трае најдоцна до 3 октомври, а веднаш потоа ќе се одржат и семинари за обука, соодветно на ситуацијата со КОВИД-19.
Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси. Обуките, како и самото набљудување на изборниот процес ќе се спроведат со максимално почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Пожелно е сите набљудувачи на ЦИВИЛ да бидат вакцинирани со две дози вакцина.
На обуките ќе бидат потпишани и договорите за ангажман, како и познатата Повелба на набљудувачите на ЦИВИЛ.
ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА
Во одговор на најчесто поставуваните прашања од заинтересираните, од Организацијата нагласуваат дека сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно дека секој набљудувач има обврска да покрие во просек десет избирачки места.
Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.
Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, како и кандидати на изборите, немаат право на учество на овој повик.
ЦИВИЛ го спроведува мониторингот на изборите како дел од проектите „Европски перспективи, следно ниво“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, како и „Граѓански објектив“, финансиран од Националната фондација за демократија од САД.
ЦИВИЛ Тим за комуникација