• Latest

Најчесто поставувани прашања од изборните набљудувачи на ЦИВИЛ

August 29, 2021

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најчесто поставувани прашања од изборните набљудувачи на ЦИВИЛ

Во овој прилог се одговорени сите прашања, вклучително и дополнителните прашања кои беа испратени во текот на јули и август.

August 29, 2021 10:28
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ објави одговори на најчесто поставуваните прашања од заинтересираните да аплицираат за позиција на краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Како што е познато, во тек е нов повик за изборни набљудувачи на локалните избори 2021, со краен рок за аплицирање до 30 септември.

По обновениот повик за изборни набљудувачи, многумина го поставија прашањето:

Кога е крајниот рок за пријавување за набљудувачи на локалните избори и дали ќе има уште еден повик? 

Нема уште еден повик, ова е вториот и последен повик. По првиот, краткотраен повик, беа избрани половина од предвидените набљудувачи. Овој повик трае подолго, а крајниот рок за пријавување е 30 септември, 17 часот. Најдобро е да се пријавите што поскоро и да не чекате до последниот ден.

Јас веќе аплицирав по првиот повик, на почетокот на јули. Дали треба повторно да аплицирам?

Одговорот е НЕ. Нема потреба да аплицирате повторно, бидејќи Вашата прва апликација е веќе примена и обработена. Проверете дали сте добиле одговор од Координативниот тим (КТ) на ЦИВИЛ. Ако одговорот е позитивен, можете само да очекувате покана за обука во првата половина од октомври. Ако одговорот е негативен, можете да се обратите до КТ за дополнителни информации и објаснување.

На кој начин можеме да се пријавиме за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ?

Пријавувањето е онлајн, преку ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА.

Кој има право да се пријави на повикот за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ?

Сите полнолетни граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија имаат право да бидат изборни набљудувачи на ЦИВИЛ, со исклучок на претходно активно вклучени лица во изборниот процес. Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, кандидати на изборите и членови на телата на Државната изборна комисија (членови на ДИК, ОИК, избирачки одбори и слично) немаат право на учество на овој повик.

Сакам да аплицирам како преведувач во странска набљудувачка мисија. Дали може да бидам набљудувач и на ЦИВИЛ? 

НЕ. Тоа не е дозволено и се смета за судир на интереси. Како што стои и во претходниот одговор: Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, кандидати на изборите и членови на телата на Државната изборна комисија (членови на ДИК, ОИК, избирачки одбори и слично) немаат право на учество на овој повик.

Аплицирав за набљудувач на изборите во една друга институција. Дали имам право да аплицирам и во ЦИВИЛ?

Можете да аплицирате каде сакате, но ако добиете позитивен одговор од две места, ќе морате да се одлучите само за една позиција, а другата страна да ја информирате дека се повлекувате. Не можете да работите иста работа на две места.

Кога ќе се одржат семинарите за обука на изборните набљудувачи?

Точните датуми за обука на набљудувачите сѐ уште не се прецизиран, но сигурно ќе се одржат меѓу 4 и 10 октомври. Обуките траат по 4 часа.

Јас сум во редовен работен однос и работам во две смени. Дали можам да бирам термин за обука? 

Во текот на работните денови ЦИВИЛ ќе дизајнира обуки во два термини: од 10 до 14 и од 17:30 до 21:30 часот. Во текот на викендите, ќе се одржат обуки во термините: од 10 до 14 и од 15 до 19 часот. Зависно од логистиката и од консултациите со избраните набљудувачи, овие термини може да се променат.

Јас бев набљудувач на изборите на ЦИВИЛ на претходните, предвремени парламентарни избори? Дали треба да посетувам обука?

Да. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси, дури и да се работело за претходни локални избори. Има измени во изборната легислатива, но и унапредување на методологиите на ЦИВИЛ. Уште една причина за учество е и податокот дека на обуките ќе бидат потпишани и договорите за ангажман, како и познатата Повелба на набљудувачите на ЦИВИЛ, со која се обврзуваат на мобилност, посветеност и непристрасност.

Колку време трае ангажманот на краткорочните набљудувачи?

Краткорочните набљудувачи се активираат на почетокот на изборниот молк, но главните активности се на денот на гласањето. Од нив може да се побара да бидат активни и еден ден по гласањето.

Дали секој од набљудувачите ќе добие едно избирачко место за набљудување?

Не. Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно дека секој набљудувач има обврска да покрие во просек десет избирачки места.

Дали ангажманот се плаќа?

Хонорарите за изборните набљудувачи на изборниот молк и денот на гласањето изнесува до 70 евра (бруто). Зависно од квалитетот на извршените задачи, овие износи може да бидат намалени или зголемени.

Дали на денот на гласањето ќе можам да гласам?

ДА, СЕ РАЗБИРА. ЦИВИЛ го промовира правото на глас како едно од фундаменталните човекови права и препорачува тоа секогаш да се искористи, без исклучок. Секој набљудувач ќе добие време во текот на денот на гласањето да го искористи своето право на глас.

На кој начин ќе можеме да ги доставуваме информациите од нашето набљудување?

Оставете нешто и за обуката. Начинот на набљудување и известување ќе биде една од главните содржини на обуката. Но доколку сакате да се подготвите, на располагање ви се неколку ресурси:

  • Веб страницата Слободни избори на која можете да се информирате, меѓу другото, за категориите на случаи и настани кои се предмет на нашиот интерес за време на изборниот мониторинг. На оваа веб страница можете да најдете и неколку публикации и други важни информации.
  • Граѓанската пријава која е актуелна во било кое време и се однесува првенствено на дезинформациите и говорот на омразата, но и за други категории. Погледнете.
  • Рубриката Избори на интернет порталот Цивилмедиа.мк во која секојдневно се објавуваат информации поврзани со изборниот процес.

Кој одлучува по апликациите?

Апликациите ги разгледува тричлена комисија при Координативниот тим на ЦИВИЛ.

Дали податоците што ги внесуваме во апликацијата се јавни?

Не. Тие се чуваат во најстрога тајност.

Јас немам компјутер, како да аплицирам?

Аплицирањето е лесно. Тоа можете да го направите и од мобилен телефон. Пополнувањето на апликацијата трае најмногу 10 минути.

Би сакала редовно да се информирам за активностите на организацијата. Како?

Ништо полесно од тоа. Следете нѐ на Фејсбук и на Твитер. Имаме уште неколку други ФБ страници кои се фокусирани на посебни теми, но почнете барем со една, а потоа, во комуникација со тимот, можете да најдете многу повеќе линкови што ќе одговараат на темите и областите за кои се интересирате.

Како да ве контактирам?

Доколку имате прашања и сугестии, не се двоумете да се јавите на 02 / 520 91 76, секој ден од 9 до 17 часот или напишете порака на нашата ФБ страница или мејл: civil@civil.org.mk.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ