• Latest

Во тек скрининг-тестирањето за КОВИД-19,неделава на различни локации во Скопје, а потоа и во другите градови

February 14, 2022

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Во тек скрининг-тестирањето за КОВИД-19,неделава на различни локации во Скопје, а потоа и во другите градови

February 14, 2022 18:10
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во центарот на Скопје на улица „Македонија“ во тек е скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки, пренесува МИА.

За серолошката ковид – анализа на граѓани им се земаат примероци крв.

Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

Скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже колкав процент граѓани имаат хуморален имунитет кон коронавирусот оваа недела планирано е да се одвива на различни локации во Скопје, изјави денеска асистент доктор Теодора Брњарчевска од Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје.

– Не ги откриваме локациите со цел да ги фатиме случајните минувачи, да бидат поставени екипи кои ќе зимаат примероци од минувачите кои ќе бидат заинтересирани да дадат свој примерок за определување на антитела, со цел да процениме каква е епидемиолошката состојба во Скопје, односно колку има стекнат имунитет кај граѓаните од вакцинација или од прележување болест. Ова ќе го правиме и низ целата држава, со тоа што ќе биде во соработка со центрите за јавно здравје и со трансфузиолошките служби. Исто така избирањата ќе бидат по случаен избор на испитаниците, и целта е на ниво на Скопје и на ниво на Македонија да се процени колкав процент граѓани имаат хуморален имунитет кон коронавирусот, рече асистент доктор Брњарчевска.

Посочи дека скрининг-тестирање по случаен избор за Ковид-19 ќе се врши и во центрите за јавно здравје во поголемите градови.

– Во текот на следнава недела би требало и тие примероци да ги собираме. Со резултатите од другите градови ќе направиме еден пресек после сите овие бранови на коронавирусот и после вакцинацијата какво е нивото на имунитетот на ниво на Македонија, додека пак со оние испитаници од Скопје ќе направиме споредба какво било лани пред вакцинацијата, оваа година, со вакцинацијата и сите бранови на коронавирусот. Пред да ги вклучиме испитаниците им даваме прашалник за тоа дали се вакцинирани, со која вакцина се вакцинирани, дали имаат прележано еднаш, неколку пати, кога било тоа и на тој начин ќе направиме една статистичка обработка на податоците и ќе излеземе со соодветните резултати, потенцира асистент доктор Брњарчевска.

Додаде дека со скрининг-тестирањето за Ковид-19 ќе бидат опфатени околу 1000 граѓани во Скопје, а 2000 до 3000 граѓани во другите градови.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ