• Latest

Во третиот квартал на 2020 година од интернет отстранети 1,3 милијарди лажни профили

January 14, 2021

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во третиот квартал на 2020 година од интернет отстранети 1,3 милијарди лажни профили

January 14, 2021 14:44
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Независна добротворна организација за проверка на факти од Велика Британија, Фул Факт (Full Fact), која е партнер за проверка на фактите генерирани од трета страна на Фејсбук, изврши истражување за главните предизвици со кои се соочуваат проверувачите на факти ширум светот при онлајн пронаоѓање и проверка, пренесува МИА.

Извештајот што го објави Фул Факт, насловен „Предизвиците на проверка на факти онлајн: Како технологијата може (и не може) да помогне“ се базира на интервјуа со деветнаесет проверувачи на факти низ целиот свет и вклучува идеи за помагање во решавање на некои од најчестите предизвици, со фокус на партнерства со технолошки и интернет компании.

Во извештајот се вели дека програмата на Фејсбук за проверка на фактите генерирани од трета страна се соочила со сите предизвици што би можеле да се очекуваат, како што се технолошки и комуникациски проблеми, меѓутоа, и таму останува простор за подобрување.

Тие препорачуваат интернет компаниите да работат заедно за да ги координираат своите напори за справување со дезинформациите низ онлајн платформите и апелираат другите интернет компании да го следат водството на фејсбук, во работата со проверувачи на факти, преку структурирана, платена програма и научни искуствата на проверка на фактите од трета страна.

Како што се наведува во извештајот, проверувачите на факти, исто така, треба да развијат колективен процес за вклучување и придонес за одговори на интернет-компаниите на развојните предизвици на дезинформации преку интернет, за да се заштити долгорочната одржливост и проверка на независноста на фактите.

Во извештајот се потсетува дека штетата од лажни информации не е ограничена на која било единствена платформа, па дури и на интернет и дека дезинформациите може да се шират и преку политичари и новински медиуми, усно, во реклами и на испечатени материјали предадени или доставени до домовите на луѓето. Затоа, според извештајот, проверка на фактите од трета страна на фејсбук е важна интервенција и најефикасен одговор од која било интернет компанија до сега.

рограма на фејсбук содржи соработка со независни проверувачи на факти од трети страни кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на информациите и изјавите. Овие партнери се овластени преку непартиска Меѓународна мрежа за проверка на фактите при што мораат да го следат Кодексот на принципи на мрежата.

Откако партнерот од програмата за проверувачи на факти од трети страни, извесна информација оцени како лажна, изменета или делумно лажна, Фејсбук реагира на начин што ја прикажува сѐ подолу во новостите. Додека, пак, страниците и домените кои постојано споделуваат лажни вести, исто така, ќе добијат намалена дистрибуција и ќе се отстрани можноста за монетизација и рекламирање.

Фокусот на оваа програма за проверка на фактите е идентификување и адресирање на вирални дезинформации, особено јасни измами кои всушност немаат основа. Партнерите за проверка на факти како приоритет докажуваат лажни тврдења, особено оние кои се навремени, актуелни и важни за просечниот корисник.

Стратегијата за спречување на дезинформациите на Фејсбук има три дела, прв дел е отстранување на профилите и содржината што ги кршат стандардите кои ја применуваат безбедноста на платформата, со што, само во третиот квартал на 2020 година отстранети се 1,3 милијарди лажни профили. Вториот дел се однесува на намалување на дистрибуцијата на содржина што не ги крши стандардите, но, сепак е со низок квалитет, па затоа, помалку корисници треба да ја гледаат. Третиот чекор е информирање на корисниците давајќи им поголем контекст за да можат сами да одлучуваат што да читаат, веруваат и споделуваат.

Целосниот извештај можете да го прочитате на следниот линк.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ