Фото: Rosneft.de
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил
Фото: МИА
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X
фото: ВИ
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Во Црна Гора пропаднаа преговорите за формирање влада

Преговорите меѓу црногорскиот мандатар Миодраг Лекиќ и лидерите на парламентарното мнозинство за формирање влада денеска пропаднаа, бидејќи не беше постигнат договор за поделба на ресорите, пренесува МИА.

По неуспешниот состанок, на кој присуствуваа лидерот на просрпскиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и актуелниот премиер Дритан Абазовиќ – кој траеше само два часа – Лекиќ рече дека нема да има негова влада и дека за време на преговорите се обидел да создаде сериозен дијалог и атмосфера на доверба.

Нема да има влада. Граѓаните нека протолкуваат кој бил сериозен, а кој не. Црна Гора е на крстопат. Ќе се израдуваат некои поразени сили од 2020 година. Тоа е исходот“, рече Лекиќ.