Првиот летечки автомобил на Турција „Џезери“, развиен од страна на компанијата „Бајкар“ со национални можности и оригиналност, ги заврши успешно своите први тестови за летање.
Тестовите за летање на летечкиот автомобил „Џезери“ започнаа на 11 септември во петокот.
„Џезери“ кој е дизајниран и произведен од страна на турски инженери, за време на предпрототипските тестови за летање од 230 килограми се искачи (леташе) на височина од 10 метри.
Во објавеното соопштение им се одделува место на следните размислувања на техничкиот директор на „Бајкар“ Селчук Бајрактар: „Во наредниот период ќе направиме поразвиени прототипи. Ќе реализираме летови со екипаж.“
Летечкиот автомобил „Џезери“ за којшто се очекува да доведе до коренита промена во градскиот превоз и воздушниот транспорт во иднина, е дизајниран на начин да одигра активна улога во транспортот на патници и карго (товар).
„Џезери“ кој е на електричен погон и располага со тро резервен смарт систем на летање, ќе биде опремен со системи на вештачка интелигенција.
Првиот летечки автомобил на Турција „Џезери“ се има за цел да се стекне со брзина на движење од 100 километри на час, да достигне до височина на летање до 2000 метри, да остане во воздух 1 час и да достигне до дотресл од 70-80 километри.“ / ТРТ