• Latest
Фото: vaticannews

Во Ватикан, со високи црковни и државнички почести, денеска ќе биде погребан поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти

January 5, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Ватикан, со високи црковни и државнички почести, денеска ќе биде погребан поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти

На погребот е најавено присуство на голем број државници, шефови на држави, премиери, министри. Италија ќе биде претставена од претседателот Серџо Матарела, Германија од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, а Франција од министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен. На церемонијата ќе присуствуваат и кралот на Белгија – Филип, претседателите на Полска и на Того, поранешната шпанска кралица Софија.

January 5, 2023 09:37
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: vaticannews

Фото: vaticannews

Share on FacebookShare on Twitter

Десетици илјади верници и достоинственици се очекува да присуствуват денеска во Ватикан на погребот на упокоениот папа Бенедикт Шеснаесетти. Церемонијата ќе ја води актуелниот папа Франциск.

Според најавите, самата церемонијата ќе биде свечена, но скромна, како што би сакал Бенедикт Шеснаесетти. Најавено е присуство на голем број државници, шефови на држави, премиери, министри. Италија ќе биде претставена од претседателот Серџо Матарела, Германија од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, а Франција од министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен. На церемонијата ќе присуствуваат и кралот на Белгија – Филип, претседателите на Полска и на Того, поранешната шпанска кралица Софија. На погребот ќе присуствува и Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА. Делегацијата, како што информираа од МПЦ-ОА за МИА, е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф и од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.

Префектурата Рим очекува денеска во Ватикан да дојдат сто илјади луѓе. Во трите дена колку што беа изложени посмртните останки, од поранешниот папа се простија околу 200 илјади верници.

Церемонијата на погребот ќе започне во 8:50 часот по локално време. Ковчегот со смртните останки на Бенедикт Шеснаесетти ќе биде изнесен на плоштадот „Свети Петар“, каде ќе се служи миса на која ќе учествуваат повеќе од четири илјади кардинали, бискупи и свештеници. Литургијата ќе биде отслужена според латински ритуал, но на повеќе јазици.

Според традицијата, Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во три ковчези. Неговото тело е положено во ковчег од дрво од чемпрес, во кој има монети исковани за време на неговото папство, потоа неговиот палиум (литургиска облека) и метален цилиндар со текст со детали за годините кога тој беше на чело на Римокатоличката црква. Тој ковчег од чемпрес потоа ќе биде ставен во поголем ковчег од цинк, кој пак ќе биде сместен во уште поголем дрвен ковчег.

Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во криптата на базиликата „Свети Петар” на местото каде некогаш бил погребан папата Јован Павле Втори. Тоа место беше испразнето откако посмртните останки на Јован Павле Втори беа преместени во капелата во базиликата.

За обредот папите да се погребуваат во три ковчези, теологот Бери Етериџ од Универзитетот во Кент вели дека првиот ковчег од чемпрес симболизира дека папата е обичен смртник, како и сите други. Вториот ковчег, кој обично е или цинк или олово, симболизира долготрајност. На него е поставен едноставен крст и плоча со името на папата и времетраењето на неговиот понтификат. Третиот дрвен ковчег обично се прави или од костен или од брест и го симболизира папското достоинство. Окован е со шајки и клинови од чисто злато.

Предвидено е погребот да го следат повеќе од илјада новинари од 30 земји. За безбедноста се мобилизирани илјада полицајци, на кои ќе им помагаат волонтери од италијанската цивилна одбрана.

Во Германија епископската конференција ги повика црквите во земјата да ѕвонат во 10 часот по Гринич во спомен на Џозеф Рацингер (како што беше световното име на папата Бенедикт XVI). Денеска знамињата во Италија се на половина копје, а во Португалија е прогласен ден на национална жалост.

Tags: ВатиканПапа Бенедиктпогребцеремонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ