На плоштадот Стефанплац во близина на Катедралата Св.Стефан во Виена во недела навечер, во организација на невладината „Неограничена демократија“, на плоштадот во историскиот центар на Виена беа запалени околу 1.000 свеќи во знак на сеќавање на загинатите Украинци, јави дописникот на Укринформ.
Учесниците на митингот извикуваа слогани за поддршка на Украина и нејзините бранители и неколку пати ја пееја националната химна на Украина

Во неделата, 10 април, во главниот град на Финска, Хелсинки, се одржа митинг за комеморација на загинатите деца во градот Мариупол, регионот Доњецк.
Како што информира Yle, децата донеле детски чевли на железничкиот плоштад и на асфалтот го напишале зборот „деца“ на различни јазици.

Учесниците на митингот го држеа знамето на Украина.
Најмалку 210 деца се убиени во Мариупол, опколен од руските војници. Во градот се водат жестоки битки. Руските напаѓачи извршија бројни напади врз цивилни објекти, вклучувајќи го и драмскиот театар, пред кој на асфалтот беше испишан зборот „деца“.
Мариупол, регионот Доњецк, ја доживува една од најголемите хуманитарни катастрофи поради руската агресија. Напаѓачите бомбардираат невооружени жители и ја блокираат испораката на хуманитарна помош. Според градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, до 27 март бројот на цивилни жртви во Мариупол бил околу 5.000 луѓе, меѓу кои и околу 210 деца.
Во Мариупол има околу 130.000 цивили блокирани од руските напаѓачи.
Руските трупи го претворија Мариупол во огромна руина. Локалните жители се онесвестуваат од глад на улиците, а непријателските бомби ги закопуваат живи во засолништа за бомби.
Д.Мишев