Categories

ТЕРОРИЗАМ Во вооружен напад во Старзбур убиени се најмалку 4 лица и десетици повредени

Нa Божиќниот базар во францускиот град Стразбур се убиени најмалку 4 лица, а 12 се повредени.

Напаѓачот е идентификуван како 29 годишен маж и неговиот стан е претресен во рамки на истрагата за кражба извршена уште летово, пренесе Ројтерс. Има сомненија дека напаѓачот е екстремист а мотивот на нападот уште не е утврден.

По напаѓачот сè уште се трага од двете страни на француско-белгиска граница. Сепак не е извесно дали напаѓачот побегнал од Франција.

Во Стразбур се наоѓа Европскиот парламент кој во овој период одржува пленарна седница, каде што има стотици партеници од европските земји. Тие по нападот останаа блокирани во зградата на парламентот.

Претседателот на европарламентот Антонио Тајани изјави дека парламентот ја продолжува работата и оти вакви терористички или криминални напади нема да ги спречат пратениците во нивната работа.

Print Friendly, PDF & Email