• Latest

Во време на пандемија, на постарите луѓе им е потребна поддршка повеќе од кога било

March 20, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во време на пандемија, на постарите луѓе им е потребна поддршка повеќе од кога било

„Иако изолацијата е апсолутно од витално значење и неопходна за да се спречи ширењето на корона вирусот COVID-19, сите ние мораме да изнајдеме нови начини за зајакнување на меѓугенерациската солидарност и социјалниот контакт со постари лица без да бидат доведени во опасност од заразување. Ним им е потребна поддршка повеќе од кога било“, изјави во соопштение Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа.

March 20, 2020 14:20
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Ви го пренесуваме интегрално соопштението на комесарката за човекови права на Советот на Европа:

Избувнувањето на корона вирусот (КОВИД-19) е особено опасно за постарите лица и има диспропорционално негативно влијание на нивното право на здравје и други човекови права. Европските земји кои воведоа мерки на изолација во борбата против вирусот, често бараат постарите лица да се самоизолираат порано од општото население и нивната изолација би можела да трае подолго.

Мерките за изолација се од витално значење и неопходни: со вознемирувачки извештаи на болници кои мораа да воведат тријажа поради заситеноста на нивниот капацитет за интензивна нега, државите мора да сторат сé што можат за да ја забават прогресијата на вирусот и секој мора да го стори својот дел и да ја поддржи солидарноста во тој однос. Меѓутоа, социјалното дистанцирање кое е неопходно за да се постигне ова секако ќе го влоши веќе горливото прашање за социјална изолација на постарите лица. Се разбира, постарите лица имаат поголем ризик од сиромаштија и социјална исклученост, како и социјална изолација која има директно влијание врз нивната здравствена состојба, вклучувајќи го и ментално здравје. Затоа им е потребна поголема поддршка од било кога во оваа кризна состојба, а мерките кои се преземаат за справување со пандемијата мора посебно да водат сметка за оваа потреба. Со задоволство забележав дека, на пример, француските власти го признаваат помогањето на оние кои се во ранлива состојба како валидна причина да го напуштат домот, со воведувањето на сегашните мерки за изолација.

Сите наши општества мора да изнајдат нови начини за зајакнување на меѓугенерациската солидарност и социјалниот контакт со постари лица без да бидат доведени во опасност од заразување. Охрабрена сум од многуте локални иницијативи и акции на национални невладини организации за поттикнување на вакви иновативни облици на социјално ангажирање. На пример, Фламенскиот совет на постари лица врши подигнување на свеста за состојбата со постари лица и охрабрува нови акции, како што се виртуелни состаноци или дневни телефонски повици од страна на волонтери. Една иницијатива во Корнвал, Велика Британија, има за цел да го олесни испраќањето разгледници адресирани до постари соседи за да им се понуди помош на оние кои се во самоизолација. Додека граѓанското општество често реагира брзо и дарежливо во овој дел, постои јасна улога за европските влади активно да го поттикнуваат овој вид на иницијативи и меѓугенерациска одговорност воопшто.

За жал, пандемијата, исто така, го има поттикнато и ширењето на потценувачки забелешки и говор на омраза насочени кон постарите лица на социјалните медиуми, што се знаци на растечка меѓугенерациска огорченост. Бев шокирана, на пример, кога видов хаштагови на Твитер кои се груби и нечовечки кон постарите луѓе, или манифестации на слични чувства документирани од страна на француската невладина организација les Petits Frères des Pauvres. Во време кога на Европа ѝ е потребна меѓугенерациска солидарност, можеби повеќе од било кога, ваквите изјави не смеат да се толерираат и укажуваат на обврската на државите на Европа да се спротивстават на ваквиот дискурс и да ја подигнат свеста за опасноста што ваквиот став претставува.

Сегашната состојба, исто така, ги истакнува неуспесите на големите, институционални опкружувања за долгорочната грижа на старите лица, каде се затворени во тесни простории. Дури и без опасноста од смртоносен вирус, ваквите институции често генерираат бројни прекршувања на човековите права, вклучувајќи злоупотреба и лошо постапување, главно поради неуспохот да се користи пристап заснован на човекови права во дизајнирањето и испораката на долгорочната грижа и хроничниот недостаток на ресурси. Оваа криза покажува како жителите, така и негувателите, се доведени во зголемен ризик од инфекција, како што јасно беше покажано неодамна во државата Вашингтон, САД, а прави драстични мерки за изолација неопходни за заштита на жителите, како оние кои француската влада беше обврзана да ги преземе. Оваа состојба ја наметнува итноста со која европските држави мора да ги спроведат задоцнетите реформи во социјалната заштита по тековната здравствена криза. Во срцето на овие реформи треба да биде систем на социјална заштита кој привилигира индивидуализирана поддршка на постари лица, со истовремено поттикнување на целосна инклузија во заедницата.

Превод: Н. Цветковска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ