Цел свет, исто така и СЗО алармирaат за претпазливост и сериозно справување со новиот предизвик со пандемијата кој се очекува на есен. И мандатарот Зоран Заев, од собраниската говорница денеска најави дополнителен план и мерки за справување со очекуваниот бран на корона вирусот на есен.
ВМРО-ДПМНЕ за истиот период има други планови, кои се сосема спротивни на сите предупредувања во светот. Александар Николовски, од собраниска говорница, најави дека на есен опозицијата ќе организира демонстрации и тоа во сите градови и села низ земјата.
“Се гледаме во селата и градовите. Најавувам масовни демонстрации кои ќе започнат уште оваа есен. Затоа граѓани, се гледаме во македонските градови и села, на демонстрациите со кои ќе ја урнеме оваа влада која ќе го има најкраткиот мандат. Оваа коалициона влада е коалиција на лагата”, рече Николовски во седницата каде се дебатира за новата Влада и владина програма.
А. З.