• Latest

Во живиот песок на глупоста

September 24, 2018
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Во живиот песок на глупоста

September 24, 2018 10:15
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Мислев дека исчезнаа сите можни причини да си го трошам времето и зборовите на еден политички штетник и апсурден лик каков што е Ѓорге Фикус Иванов, но на ова ме поттикна еден краток разговор со уредничка на една странска ТВ куќа. Побараа изјава од мене по повод неговата изјава дека нема да гласа на референдумот пред македонските иселеници во Њу Џерси и Детроит во САД, каде што, пак, беше за да учествува на Генералното собрание на ОН. Две во едно, работава. Поточно, две сосема различни работи во едно.

Џабир Дерала

Побараа коментар од мене, за изјавата на цел еден претседател на државата, во која тој експлицитно изјавува дека ќе го бојкотира референдумот. И тоа, ни помалку, ни повеќе, на тлото на пријателска држава, водечка членка на НАТО. Храбро? Не. Глупаво? Да.

Суртук

Прашањето беше што ова значи и „дали оваа изјава од државниот врв, седум дена пред референдумот, ќе го загрози исходот од овој процес“. Бев зафатен со семинарот за набљудувачите на Цивил, така што не можев никако да го напуштам своето место и да говорам пред нивните камери, но прашањето го одговорив во неколку реченици.

„Оној суртук од претседател е узурпатор на претседателската функција, одговорен за долга низа политички, противуставни и други криминални постапки и злоупотреби“ – ја брифирав ТВ уредничката, користејќи малку послободен речник, бидејќи не беше во официјална изјава. „За жал, иако окупира функција што навистина треба да го претставува врвот на државата, тој потполно ја девалвира и маргинализира веќе со години. Никому веќе не му е важно што тој изјавува, а секоја постапка му е штетна и недржавничка. Тој е фигура што никој веќе одамна не ја сфаќа сериозно. Неговата изјава може да има влијание врз овој или било кој друг процес во Македонија, колку што би имала временската прогноза дека нема да се промени времето утре.“

„Значи, не го загрозува референдумот?“ – ме праша уредничката низ констатација.

„Не, тој не може, нема кредибилитет за да загрози било што, а ниту да помогне во било што“ – одговорив.

Непотребно и апсурдно

Да, непотребно и апсурдно. Тоа е краткиот опис на неговата изјава. Никој и не очекуваше ништо поинакво од некој што молчеше повеќе од осум години, а кога отвори уста, само бељи направи. Неговите постапки направија големи штети за кои треба да одговара, но штетите што ги претрпеа неговите стопани што го поставија на тоа место, се уште поголеми (аман, бате, не ме брани). Накратко, со ваквото однесување, овој лик е контрапродуктивен за тие за кои работи. Секако не работи за интересите на Македонија.

„Каква будала!“ – ми вели еден другар утринава, коментирајќи ја изјавата на Иванов – „Дури и да се мислев дали да излезам на гласање на 30-ти, сега сигурно ќе излезам после вакво нешто. Срам да му е, ни ја срами државата!“

Навистина, да ги тргнеме на страна емоциите, па и да се воздржиме од слободниот речник со кој безброј луѓе го квалификуваат Иванов (не дека не го заслужува), малку ми е непријатно кога се изразувам така. Како и да е, оваа изјава кажува најмалку две работи за Иванов и само една за анти-кампањата.

Отсега, сѐ ќе биде полесно

Првата работа е што Иванов очајно се обидува да остане во фокусот на вниманието и тоа го прави на евтин начин, без ни малку одговорност и разум. Долгогодишниот молк што го следеше неговото претседателствување, а оттаму и широко прифатениот прекар Фикус, пред крајот на вториот (незаслужен) мандат, тој го прекина со серија скандали и постапки против Уставот и политичкиот морал (ако постои такво нешто). Му се допадна светлината на рефлекторите, па се навлече на тоа и по секоја цена се обидува да го одржи вниманието на себе. Се труди да го засени Мицкоски, очигледно.

Втората работа што ја откриваме за него од оваа изјава е дека тој одеднаш откри дека некој може да го нарече и лидер, па нека бидат тоа и лумпен радикални националисти и недоволно политички писмени индивидуи и групи. Тој ќе мора да го помине остатокот од својот живот во тоа друштво, а на крајот да биде шутнат и од таму, бидејќи не им завршил работа. Таму попрво една гротеска од Бачев може да се снајде подобро отколку него, но самиот си е виновен за тоа.

Неговата врска со странските тајни служби е веќе елаборирана.

Оваа негова изјава покажува и една работа за анти-кампањата во која тој неповратно потона како во жив песок. Анти-кампањата е испланирана до детали, се протега по целата вертикала на државата и општеството. Но, станува очигледно и дека е осудена на неуспех. Многу е веројатно и тоа дека никогаш и немало план да успее, туку само да предизвика што е можно повеќе штета.

Затоа, Иванов, тенк јури велику мачку (thank you very much).

Ако ништо друго, видовме кој е кој и колку добро ѝ мисли на Македонија. Отсега па натаму ќе биде многу полесно. Освен ако не се продолжи праксата на тивка амнестија… знаете за што зборувам.

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ivanovбојкотреферендумфикус
Share85Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ