• Latest
Панел „Спротивставување на авторитаризмот“
Фотографија: Роберт Атанасовски

(ВО ЖИВО) Голема меѓународна конференција – Панел 3: Спротивставување на авторитаризмот

December 12, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

(ВО ЖИВО) Голема меѓународна конференција – Панел 3: Спротивставување на авторитаризмот

December 12, 2024 14:15
in ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Панел „Спротивставување на авторитаризмот“
Фотографија: Роберт Атанасовски

Панел „Спротивставување на авторитаризмот“ Фотографија: Роберт Атанасовски

Share on FacebookShare on Twitter

Голема меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, во Скопје, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M (Северна Рајна-Вестфалија, Германија).

Панел 3: Спротивставување на авторитаризмот

Говорниците дискутираат за различни стратегии и најдобри практики за отпор на авторитарните тенденции и зајакнување на демократското владеење. Посебен фокус во рамките на овој панел e ставен на медиумската писменост како еден од начините за спротивставување на малигните операции на влијание и антидемократските трендови во нашите општества.

  • Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Асоцијацијата на Југоисточна Европа, Германија
  • Ерван Фуере, виш истражувач, Центар за европски политички студии, Белгија
  • Катерина Павлова, експертка за дезинформации и пропаганда, Украина/Германија
  • Константинас Андријаускас, универзитетски професор, Литванија
  • Срѓан Цвијиќ, Претседател на Советодавниот комитет на Белградскиот центар за безбедносни политики, Србија

Модераторка: Ана Чупеска, универзитетска професорка, Северна Македонија

Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Здружението на Југоисточна Европа, Германија: Авторитаризмот е закана која треба многу сериозно да ја сфатиме

Поранешната амбасадорка на германија Гудрун Штајнакер, на почетокот на своето обраќање се осврна кон работата на ЦИВИЛ.

„Џабир го сретнав веднаш по моето доаѓање во Скопје, во 2011 година, и почнав да ја ценам работата на ЦИВИЛ, како една од најдобрите организации за зајакнување на граѓанското општество и промовирање на човековите права и слободно општество. Особено ја ценам јасната позиција на ЦИВИЛ од самиот почеток, во врска со војната на Русија во Украина – можеби најголемата опасност во моментов за нашиот дел од светот.

Авторитаризмот е закана која треба многу сериозно да ја сфатиме, во ова многу тешко време… Избор на секој човек или група, е да одговорат на овие проблеми, но, политичарите, бизнис елитите и интелектуалците, треба да играат водечка улога во овој одговор, во согласност со своите одговорности. Но често се случува сосема спротивното- интелектуалните елити ги злоупотребуваат своите влијанија, за повеќе да ги заплашат граѓаните, го гледаат својот интерес, и се решаваат за авторитарни решенија што е хипокризија во меѓународната политика“, истакна Штајнакер.

Решенијата за овие прашања, посочи Штајнакер, можат да ги најдат слободни луѓе, во слободни општества, слободен разговор и слободни медиуми.

Катерина Павлова, експертка за дезинформации и пропаганда, Украина/Германија: Медимската писменост делува само на информациите, дезинформациите делуваат поинаку – на емоциите

Експертката за дезинформации и пропаганда, Катерина Павлова, вели дека каде и да оди ќе ја претставува Украина, иако доаѓа како претставник на организација од Германија.

„Каде и да одам, иако не сум на фронтот во Украина, носам војнички кондури“, вели таа.

Павлова вели дека медимската писменост делува само на информациите, дезинформациите делуваат поинаку – на емоциите.

„Ако Трамп каже дека мигрантите во САД ќе им ги јадат мачките и кучињата, луѓето знаат дека не е така, ама решаваат да му веруваат“, додава таа.

Павлова истакна дека Германија треба да учи од Северна Македонија како да биде отпорна на дезинформации.

Таа заклучи дека десничарите се многу присутни на Тик Ток каде што шират дезинфомации.

Д-р Константинас Андријаускас Универзитет Вилнус, Литванија: Ние имаме една цела генерација Руси за кои што Путин е татковска фигура

Д-р Константинас Андријаускас од Универзитетот Вилнус, вели дека ние веќе со децении се соочуваме со голем број проблеми и претходни конфликти.

Во 2014 во јули бев во Сибир, Русија и прехтодно доста често минував време таму, речиси секој летен одмор додека бев дете. Имавме таму прослава за мојот роденден и едно утро се разбудивме вклучивме телевизија и видовме вести за соборување украински воен авион и моите пирјатели многу добро ја разбираа мојата политичка историја и тие не кажаа „ние пак соборивме ваш авион“. Навистина во тој период русите соборија авиони со украински војници. Само неколку часа подоцна наративот во медиумите се смени значајно и моите пријатели кои се смееја и правеа шеги сега одеднаш, озбилни, кажуваат дека соборените авиони се со војници кои претходно собориле руски авион, сакав да им кажам како можат да се глупави и да веруваат во такви работи. Така функционираат авторитативните земји. Таква е целата историја на овој дел, на овој регион ако ги земеме во предвид сите примери за бомбардирање згради и слично. Ние имаме една цела генерација Руси за кои што Путин е татковска фигура.

Андријаускас посочи и две клучни препораки, да се стремиме кон објективна вистина и начинот на кој ќе известуваме за објективната реалност.

Срѓан Цвијиќ, Меѓународен советодавен комитет на белградскиот центар за безбедносна политика, Србија: Медиумската машинерија во Србија ги обликува срцата и умовите на луѓето да не мислат на војната во Украина

Срѓан Цвијиќ од Меѓународниот советодавен комитет на белградскиот центар за безбедносна политика, се осврна на медиумското влијание во креирањето на јавното мислењее под влијание на српската власт.

„10 години немаме слободни медиуми. Речиси сите се контролирани од власта. Од август оваа година имаме сериозно загрозување на слободата на здружување. Важно е како гледаме на ваквите хибридни режими. Тие се процеси кои што водат кон целосен авторитаризам. Не треба Русија да се обвини како Србите размислуваат за светот, регионот, за својата земја. Нивните мислења се обликувани од медиумската машинерија на српската власт“, истакна Цвијиќ.

Српската медиумска машина ги обликува срцата и умот на луѓето да не мислат на војната во Украина.

Ерван Фуере, Центар за европски политички студии, Белгија: Ме зачудува што некои лидери на ЕУ патуваат во Србија и го фалат Вучиќ, додека неговата влада сé повеќе апси претставници на граѓанскиот сектор кои критикуваат

Ерван Фуере посочи дека нема сомненее дека ЕУ многу попушташе, не ги заституваше човековите права и демократијата, касно видовме отпор, многу требаше ЕК да ја сустпендира партијата на Орбан. Кога зборуваме за кандидати, знаеме дека народната партија го заштитува поранешниот прмиер на Северна Македонија кој е обвинет за корупција. Гледаме негативностио, да не продолжи да се случуватат негативности на проширувањето и успехот на преговорите. ЕУ треба да се ангажира за сите земји да го почитуваат владеењето на правото. Многу време и требаше на ЕУ да преземе мерки против земји членки кои не го почитуваат владеењето на правото, поради тоа Виктор Орбан се обиде со се што е во негова моѓ да дотурка што подалеку пред комисијата да преземе нешто.Орбан се обиде да ги поткопа и покажа колку не ги почитува институциите на ЕУ.

ЕУ сега треба да го компензира изгубеното време за да го врати угледот. Гледаме дека имаме годишни извештаи за секојаземја кандидат. Ме зачудува што некои лидери од ЕУ патуваат во Србија и го фалат Вучиќ, додека неговата влада сé повеќе апси претставници на граѓанскиот сектор кои критикуваат. На овој начин Србија никогаш нема да ги почитува европските вредности.

Би подвлекол, една улога на граѓанско општество. Сите знаеме дека е сигурносен елемент во контрола на владата. Новата еврокомесарка Кос беше многу јасна кога кажа дека ќе направи се во нејзина моќ за владитее да ги почитуваат граѓанските организации. се надевам дека новата комисија ќе сврти нов лист.

Во Северна Македонија има примери кога новинарите се нападнати и критикувани на социјалните мрежи само затоа што прикажале поинакви извештаи, а некои и се затварани.

Фото: Роберт Атанасовски

Вториот панел:

(ВО ЖИВО) Голема меѓународна конференција – Панел 2: Подемот на крајно десничарскиот национализам

Tags: меѓународна конференцијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ