Државниот завод за статистика ги објавува резултатите од пописот 2021
Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Ова се резултатите од Пописот на населението и домаќинствата спроведен во текот на минатата година во Северна Македонија. Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.
Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои се надвор од државата повеќе од 12 месеци и странци кои се во земјава помалку од 12 месеци, 24,45 отсто рекле дека се Македонци, а 66,36 Албанци, 4,79 се изјасниле како Турци, 1,02 Роми 0,19 Власи, а 0,35 Срби.