Од Владата на Република Северна Македонија започна осмомартовскиот марш под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“.
„Овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена од системот, а продлабочена како резултат на двегодишната пандемија со ковид-19 и нејзините последици.
Со почеток во 12 часот, на овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што ние жените сме еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаме еднаквост во речиси ниту еден аспект од нашите животи, на работа или дома, во политиката и социјалниот живот.
Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како еднакви, е држава во која нема напредок. Општество во кое жените се невработени и преработени, незаштитени, виктимизирани, објективизирани и лишени од своите права, е сиромашно општество.
Од Владата маршот ќе заврши во Паркот Жена Борец, со обраќање до јавноста и институциите“, велат од Платформа за родова еднаквост.
Видео: Фронтлајн.мк












