Mинистерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска во 13:00 часот, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија.
„Ве охрабруваме на прес-конференцијата да дојдете без вашите сниматели за да ги следиме препораките за превенција и заштита од коронавирус, и видео материјалот од настанот да го преземете од нашиот стрим во живо (https://youtu.be/bSIEWV8UVSs) кој е во висока ХД резолуција“, велат од Министерството за здравство.












