ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Недискриминација и мултикултурализам во училиштата, денес, со почеток во 13 часот. На панелот учествуваат Министерката за образование и наука, Мила Царовска, проф. Елена Џукеска од Независниот академски синдикат и Бленди Ходаи, претседател на Средношколски сојуз. Модератор на дискусијата е Џабир Дерала од ЦИВИЛ, кој на почетокот ќе направи и кратка презентација на проектот „Европски перспективи“.
Настанот се одржува без публика, во хотел „Парк“ (зад скопскиот стадион) а ќе имате можност да го проследите во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ, а потоа ќе бидат објавени низа медиумски содржини на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА, на македонски, албански и англиски јазик. Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.