• Latest

ВО ЖИВО: #ЗеленитеДоаѓаат

October 25, 2019
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

ВО ЖИВО: #ЗеленитеДоаѓаат

October 25, 2019 12:39
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Започна конференцијата „Зелените доаѓаат“ во организација на ЦИВИЛ. На конференцијата ќе говорат Арта Точи, пратеничка во Собранието на РСМ, Аријанит Џафери од Еко Герила, Ванчо Орданоски, ИТ експерт, Даница Павловска – Циги, експертка за архитектура и просторно планирање, како и претставници на ЦИВИЛ.

Конференицијата ја отвори Биљана Јордановска од ЦИВИЛ која потсети дека ЦИВИЛ како организација секојдневно е посветена на зелените вредности, социјална правда и антинационализам.

„Во општество кое нема никаков проблем да покаже и докаже колку лесно се спојуваат овие елементи во секојдневното егзистенцијално опстојување, ЦИВИЛ информира, едуцира, но и нуди решенија како овие сегменти да делуваат во позитивна насока“, истакна Јордановска.

Биљана Јордановска – ЦИВИЛ/ фотографија: Горан Наумовски

„Зелените вредности не подразбираат исклучиво екологија. Тоа се сет можности кои на пиедестал ги ставаат човековите права и слободи и човековото достоинство. Секој заслужува зелена иднина, заштитена животна средина, еколошка правда и гаранција за одржлив развој на заедницата. Едукацијата и јакнењето на јавната свест колку воздухот, водата, почвата, природата, нивната заштита, одржливост и нега, се битни не само како основни човекови права, туку и како предуслов за опстанок на планетата земја“, вели таа.

Јордановска претстави и дел од активностите во изминатите 10 месеци од спроведувањето на проектот „Зелена иднина“ кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Хајнрих Бел од Сараево.

Архитектката Даница Павловска вели дека иако работи во Министерството за животна средина и просторно планирање многу ретко ги брани постапките и работата на ова институција. Таа нагласи дека оваа институција е многу битен сектор во однос на она за што зборуваме денеска на оваа конференција.

„Законот за локално зеленило е нешто што го уредува правно заштитата и негувањето на зеленилото не само во урбаните средини, но за жал, тој не се почитува. Нашите закони колку и да се добри ако не се имплементираат се бесмислени“, вели Павловска.

Даница Павловска / фотографија: Горан Наумовски

Таа истакна дека граѓаните се тие кои мора да инсистираат на спроведување на законите.

„Јавниот простор во Скопје се злоупотребува. Евидентен и еклатантен пример кој никако да се разреши е проектот Скопје 2014. Како фела ние навистина имаме предложено многу решенија и стратешки определби кои би значеле однос кон тој штетен проект, освен една комисија на ниво на држава немаме ништо друго. Добра волја има на ниво на град, особено Општина Центар со суспендирање на тој проект, но тоа не е доволно“, истакна Павловска.

Павловска зборуваше за обликувањето на градот, низ елементарното човеково право на јавен простор по наш урнек, почитувајќи ги токму овие три концепти за кои зборуваме на конференцијата.

„Безбедноста, естетската компонента, зелената компонента, почитувањето на различностите, почитувањето на овие работи, значи дека сме на добар пат“, рече Павловска.

Арианит Џафери од Еко-герила од Тетово вели дека од сите суштества на планетата само луѓето се тие кои ја уништуваат истата.

„Зелените партии се многу популарни на стариот континент, се борат против климатските промени, па Зелените може да дојдат и во Северна Македонија. Стотици организации има кои работат на оваа тема, коалиции и партнерства исто така. Слушам дека наскоро ќе има и нова зелена политичка партија. Но дали овие организации ќе ја завршат работата што треба да ја завршат и дали ќе ја спасат планетата Земја од огромното загадување? Јас не верувам. Најискрено ви кажувам дека не верувам дека само тие се доволни. Се додека властите, министрите, пратениците, градоначалниците се возат во скапи автомобили, јас не верувам во тоа“, истакна Џафери.

Арианит Џафери – ЕКО Герила / фотографија: Ангела Петровска

Тој зборуваше за иницијативата на неговата организација за субвенционирање на филтри за фабриките во Тетово и Гостивар, иницијатива која беше прифатена од Владата, но одвоила само 40.000 евра кои не се доволни ниту за една фабрика.

„Нема заштита за зачувување на животната средина доколку не изгласаме закони кои им даваат повеќе надлежности и права на државните инспекторати“, вели Џафери.

Тој смета дека зелените не можат да се справат со сите проблеми, се додека сите не станат Зелени.

„Не може да очекуваме само невладиниот сектор да ни ја заврши работата. Не можеме да сонуваме за Европа, додека работиме македонски. Можеме да плукаме и по Макрон, и Франција и Бугарија и сите, но дали навистина сме заслужиле? Треба да бидеме зелени без разлика на тоа дали сме левичари или десничари, дали сме Македонци, Албанци, Роми…“, рече Џафери.

Пратеничката Арта Точи на конференцијата „Зелените доаѓаат“ во организација на ЦИВИЛ изјави дека ова нашата држава сè се политизира, граѓаните во некои места од државата не одлучуваат ни кој ќе им биде градоначалник, бидејќи други одлучуваат за нив.

„Мојот град е прво место со загадување и долго време тој црн дим што го имаме мислевме дека е магла, карактеристична за зимата. Почнавме со протести, десетина луѓе во тоа време, следните со поголем број, јавните настани на Џафери помогнаа да разберат луѓето дека тоа е загадување, за тоа колку болни има благодарајќи на загадувањето. Лошото беше во тоа што овие протести беа организирани од Албанец, а Тетово е мултинационален град, па тогаш нашите соограѓани Македонци не доаѓаа на тие протести поради тоа. Доброто кое произлезе од тие протести е затворањето на Југохром“, изјави Точи.

Арта Точи / фотографија: Горан Наумовски

Точи додаде дека во другите земји на запад, кога сите проблеми ќе им бидат решени, тогаш обично тие размислуваат за екологијата, но дека тоа треба да биде обратно.

„Јас екологијата ја ставам на прво место. За Македонија да биде со другите цивилизирани земји, не треба за министри за екологија да ставаме луѓе кои прв пат слушаат за зборот „екологија“ кога ги избрираат на функција“, вели таа.

Таа вели дека Министерството за животна средина и просторно планирање служи на луѓе како премиерите и други функционери, кога ќе сакаат да наградат некого, тогаш му го даваат тоа министерство, а тој не знае што треба да прави.

„Шара е во опасност, треба сите да кренеме глас, таа е наша планина, пееме песни и треба да знаеме дека сите да работиме за тоа, бидејќи се упропастува. Велат дека старото дрво треба да се сече, па да растат нови, но, реките и езерата на Шара ќе служат за хидроцентрали и ќе служат на луѓе од власта СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Јас апелирам на сите луѓе на кои екологијата им е во свеста и да не ги оставиме тие луѓе кои живеат таму осамени“, вели Точи.

„Освен ЕКО Герила има уште една невладина која се вика Да ја спасиме Шара. Самата асоцира дека Шара бара спас, од самиот човек. И Попова Шапка е дел од Шара, не знам дали сте ја посетиле, не изгледа како што беше порано, се што имаше е расипано и изградено без планови, изградено маало на ДУИ, изградиле викендички со локација што е малку поизлолирано од другите, тоа е жалосно. Тие градат со многу пари, не како обичните граѓани, бидејќи се корумпирани и имаат пари и замислете што оставаат зад нив“, изјави Точи.

Ванчо Орданоски во своето излагање на конференцијата Зелените доаѓаат, зборуваше за виртуелниот астероид кој и се заканува на Земјата, наречен климатски промени.

„Тој ќе предизвика невидени катастрофи и во иднина. Но не сум тука да ви говорам за црни сценарија. Јас сум тука за една нова надеж која ја имаме. Едно светло во тунелот на климатските промени“, истакна Орданоски.

Надежта Орданоски ја гледа во младите луѓе.

„Кај младите повеќе не палат прикаските на политичарите. Денешното општество во кое живееме е стара верзија, нешто што веќе не функционира. Мора да донесеме нова верзија. Таа ќе ја донесат младите“, вели Орданоски.

Ванчо Орданоски/ фотографија: Горан Наумовски

На конференцијата тој зборуваше и за проектот „Екомонитор“ делумно финансиран од Фондот за иновации, чие мото е дека борбата против загадувањето на воздухот започнува со неговото мерење.

„Ситуацијата со мерењето на загадувањето на воздухот во моментов во земјата е трагична!“, смета Орданоски.

За проектот „Екомонитор“ Орданоски вели дека тој претставува хиперлокално мерење на загадувањето на воздухот со стотици уреди во секоја општина кои ќе можат реално да го мерат моменталното загадување во секој момент. Идејата е сите податоци да бидат достапни за сите. Со тоа ќе се постигне една мрежа на сензори кои на неколку минути ќе испраќаат податоци до централни сервери, ќе се мерат гасови, притисоци, влажност на воздухот, ПМ честички, амбиентални звуци итн… Со овој проект Македонија ќе дојде и ќе избие во регионот на најдобро опремените држави во поглед на мерењето на загадувањето на воздухот. Но ова не е најбитната работа. Битна е прогнозата на загадувањето. По извесно време со податоци ќе можеме да предвидиме какво ќе биде загадувањето во одреден ден, во одреден час. Тоа е битно затоа што властите реагираат ретроактивно на загадувањето. На овој начин властите ќе можат да влијаат и реагираат проактивно во однос на загадувањето.

Џабир Дерала како пример за тоа дека светот на младите останува, ја зема активистката Грета Тунберг. која успеа да направи „еколошка револуција“ со младите и додаде дека на најмладите треба да им се каже дека нема да им се мешаме во работите за тоа како треба да ја водат иднината и дека верува дека новите генерации подобро ќе знаат и чувствуваат и дека ќе можат повеќе да направат за оваа планета.

„Ние како организација ги промовираме зелените вредности како дел од тоа што го правиме, а тие кај нас на кое било ниво не се позната категорија. Ние имаме луѓе кои се во највисоките функции политички кои немаат поим што значат тие вредности. А тие значат почитување на човековите права, слободи и достоинство“, изјави Дерала.

Џабир Дерала / фотографија: Горан Наумовски

Тој додаде дека човековите права се практикуваат во неодделива форма, дека не можете на некому да му дадете повеќе или помалку права и дека е така тоа и со воздухот.

„Треба да се најде начин и да се изгради капацитет зелените вредности да се промовираат уште денеска, од образованието, завршувајќи со пратениците, министрите, оние кои се занимаваат со екологија. Со зелените вредности, како со човековите права, не смеат да се занимаваат само одредени ресори, тие се врзивното ткиво, како и човековите права. Посветено работиме и на социјалната правда, која е дел од зелените вредности, посветени сме на јакнење на јавната свест, затоа што таа во денешно време можеме да ја гледаме секако низ призмата на еколошката правда, бидејќи се поврзани, поради тоа верувам дека треба во единство да се гледа во сите области на човековите права и слободи“, додаде Дерала.

Според него политичките партии немаат доследна практика на зелените вредности, кои реално би го промениле животот на граѓаните и додаде дека е подготвен да го брани тој став со податоци и аргументи.

„Сметаме дека зелените вредности треба да влезат во образовниот систем и да станат дел од програмите на политичките партии. Исто така, како организација за човекови права правиме мониторинг на политичкото загадување, преку изборите, и веќе 20 години ја набљудуваме состојбата со човековите права и слободи на специфичен начин“, изјави Дерала.

„Време е да имаме движење на Зелените во Македонија, кој нема да има притисок, ни јавен, политички или медиумски и ќе служи како сериозен коректив и на институциите и полтиичките партии и во некоја перспектива да поддржат или да побараат оставка од одредена структура“, додаде Дерала.

М. Ивановска/А. Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ