• Latest

Водата и влагата не се проблем само на Археолошкиот музеј, туку и на Архивот!

August 25, 2016

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Водата и влагата не се проблем само на Археолошкиот музеј, туку и на Архивот!

August 25, 2016 14:35
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Не стивнуваат реакциите на граѓанките и граѓаните по објавениот текст „Изби вода под Археолошкиот музеј“, објавен на веб-страницата на ЦИВИЛ на 17 август. Ставовите се поделени, пред се, поттикнати од политичката афилијација на граѓан(к)ите. Но, меѓу реакциите имаше и коментари кои укажуваа на фактот, кој инаку, и е добро познат на јавноста – дека речиси сите нови „барокни“ градби што никнаа на Кејот на Вардар, го имаат истиот проблем по секои поголеми врнежи.

Во објавениот текст на ЦИВИЛ Медиа, стои и дека покрај едната поплавена „галија“, вода избила и во подрумските простории на новиот МНТ, а на поплавени простории, се жалеле и вработени во Министерството за надворешни работи. Текстот го преземаа повеќе медиуми, од кои дел го прокоментираа како невистинит

Археолошкиот музеј демантираше дека се случила поплава, иако тоа не се ни тврди во текстот, соопштувајќи дека се изненадени и згрозени од  ваквото медиумско известување.

„Сметаме дека овие портали имаат само цел да се дискредитира работата и популарноста на музејот. Не случајно го пласирале текстот еден ден пред денешниот настан, кога имаме акција со Црвениот крст за дарување на крв, како придонес за неодамнешната трагедија во поплавените подрачја“, стои во демантот на музејот од 18 август.

По ваквите реакции,  ЦИВИЛ Медиа го истражи случајот и од поинаков агол и разговараше со граѓанка која сакаше да остане анонимна поради стравот од реперкусии. Нашата соговорничка, поради работното место кое и овозможува пристап до објектот каде е сместен Археолошкиот музеј, ја сподели информацијата дека објектот на музејот е со три влеза: однапред, влезот на Археолошкиот музеј, а  од задната страна, двата влеза, на Уставниот суд и на Архивот на Република Македонија.

Според неа, избивањето водаи влагата, не се проблеми само на Археолошкиот музеј, туку на сите институции кои се сместени во истиот објект, како и на нивните вработени, бидејќи, не се работи само за инцидент, туку за проблем што се повторува.

„Самата поделба на Археолошкиот музеј од Етнолошкиот и Историскиот музеј, воопшто не беше потребна, а уште помалку имаше потреба, во иста зграда да се сместат три институции кои воопшто не се сродни“, изјави нашата соговорничка. Според неа, последните три ката од истиот објект се на Архивот, а на 23-ти август, (ден пред разговорот – н.з.) лифтовите кои инаку се спуштаат две нивоа под објектот, не работеле поради поплавените подруми, а вработените се пожалиле дека не им работи и вентилацијата.

„На најгорниот кат каде што е раководниот кадар, се отвораат прозорците, на другите два ката, нема природна вентилација. Тие имаат централно греење и ладење, кое во моментот, не работи. Колегите од Архивот направија фотографии кои покажуваат во какви услови работат, а истите не можат да ги покажат или достават, затоа што веднаш ќе се знае кој ги направил. Вработените работат во огромни простории од типот на ‘океан’, ама од тоа нема ни ‘О’. ‘Океан системот’ подразбира минимум простор за еден вработен, преграден со паравани. Таму нема таков простор. ‘Преградата’ е направена со нивните ормани кои се високи, па нема пристап ни на светлина, ниту пак, има циркулација на воздух. Вработените се жалат, имаат здравствени проблеми, но нема кој да ги слуша… Ги иселија од зграда која беше градена со сите стандарди. Во моментот, имаат влага, а таму ги чуваат архивските документи. Тоа се простории кои не ги задоволуваат основните градежни, архитектонски и сите останати потребни стандарди, за зачувување на архивските документи. Со влагата се соочуваат од првиот ден кога се пресели Архивот, документите се влажни. Тој проблем го имаа од старт, со свои и очи ја имам видено по ѕидовите. Значи, во таа зграда, без разлика дали ќе се симнат долу или ќе останат горе на катот, документите веќе се загрозени“, ни изјави соговорничката.

„Ако продолжат да се чуваат во тој простор, документите  ќе се оштетат, а да не зборуваме за подземјето, каде им избива вода. Сомнително е селењето на депото, кое досега беше сместено во зграда од четири ката, специјално изградена за таа намена – зачувување на архивските документи. Ако го преселат целото депо, во новите простории каде физички нема простор за таа архивска граѓа што е сместена во досегашното депо, постои можност драгоцени документи од нашето културно и историско наследство да исчезнат засекогаш“, вели нашата соговорничка.

Објектот кој е дел од проектот „Скопје 2014“, според нашата соговорничка, не е изграден според градежните стандарди, ниту е водено сметка за потребите на институциите кои тука се сместени.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Археолошки музејвлагагалииМакедонијапоплаваЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ