Војвотката од Јорк е отстранета од функцијата покровител на три добротворни организации откако се појави е-пошта од 2011 година во која таа го нарекува сексуалниот престапник Џефри Епштајн нејзин „врховен пријател“.
Како што пренесува Би-би-си, „Куќата на Џулија“, добротворна организација за детски хоспис што им служи на семејствата во Дорсет и Вилтшир, беше првата што ја отстрани Сара Фергусон, поранешната сопруга на принцот Ендру.
Подоцна во понеделник, добротворната организација за алергии на храна „Фондацијата за истражување на алергии на Наташа“ и добротворната организација за детска писменост, исто така, објавија дека ја отстраниле војвотката од позицијата покровител.
Сите три рекоа дека би било „несоодветно“ таа да продолжи на своите улоги, но ѝ се заблагодарија за нејзината поддршка во минатото.
Портпарол на војвотката рече дека таа не коментира за барањето да се повлече од функцијата покровител на „Куќата на Џулија“. Би-Би-Си оттогаш го контактираше портпаролот за понатамошен коментар.
Д. Мишев