Дали е тоа птица? Дали е авион? Не, тоа е волокоптерот, првиот екипажен, комплетно електрично и сигурно летало со вертикално полетување и слетување (ВТОЛ) во светот.
Тоа може да изгледа како нешто од научно-фантастичен филм базирано во далечна иднина, но ова летало се промовира во градовите ширум светот следната година.
Возилото беше едно од најважните настани на фестивалот Greentech, настан во Берлин, кој беше дизајниран да ја покаже технологијата и можностите за по зелена иднина.
Фестивалот е замисла на поранешниот светски шампион во Формула 1, Нико Розберг, кој се оддалечи од животот на возачот на Формула 1 за да стане еко-воин.
А.М.