Сопственикот на една приватна фирма во општина во јужниот дел од земјата им се заканувал на вработените дека, дотолку излезат да гласаат на Референдум, ќе бидат избркани.
Набљудувачите на ЦИВИЛ од терен известуваат дека вработените, во своите изјави, искажале страв за своите работни места. „Еден од вработените рече дека работодавецот им рекол дека, ако излезат на гласање, наредниот ден да не се појават на работа“, се пожалиле неколку вработени во фирмата.
Податоците за фирмата и други детали за овие притисоци се познати на ЦИВИЛ, но не се објавуваат со цел да се заштитат изворите.
Тим за координација и анализи на ЦИВИЛ