• Latest

Вратени првите 300 илјади евра, ќе почне ли да врти бројчаникот?

November 23, 2017

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вратени првите 300 илјади евра, ќе почне ли да врти бројчаникот?

November 23, 2017 13:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за филм на Република Македонија известува дека првите 300 илјади евра државни пари се одземени од хрватската продукција „Јадран филм“ како последица на неисполнувањето на договорот за производство на играната серија „Македонија“.

„Имено, согласно правосилното извршно решение, по законски пат, Агенцијата за филм направи поврат на речиси 19 милиони денари, колку што имаше на сметката на „Јадран филм“ во моментот кога беше блокирана. Ова не е целосната сума која државата му ја исплатила на хрватскиот продуцент Винко Грубишиќ, таа изнесува 68 милиони денари или милион и 100 илјади евра со обврска тој до септември годинава да достави готови епизоди од првата сезона. Како ќе се наплати остатокот ќе знаеме по завршување на истрагата на Јавното обвинителство и Финансиската полиција кои ја проверуваат документацијата за целиот период, од објавениот конкурс во декември 2015-та до четврти септември, кога истече рокот за предавање на 14 епизоди од серијалот“, стои во соопштението од директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

„Со ова може да започне да врти бројчаникот на Владата, кој треба да ги брои одземените пари стекнати на незаконски начин. Овој чекор со ефикасно спроведување на законот треба да биде поттик за сите државни институции во одлучната борба против криминалот и корупцијата и со тоа да ја поддржат определбата на Владата дека ќе се конфискуваат имот и пари кои се стекнати со криминално работење.

Инаку, да потсетиме дека хрватската продукција „Јадран филм“ имаше обврска до септември годинава да ни достави готови 14 епизоди од серијалот „Македонија“. Тоа не беше сторено и договорот со нив беше раскинат затоа што во него постои извршна клаузула.

Во недостаток на снимени материјали, односно непостоење на серија, „Јадран филм“ продолжува да манипулира со јавноста пласирајќи кратки видеа снимени во Загреб кои имаат за цел да остават впечаток во јавноста дека нешто се работи. Мојот апел е јавноста да не наседнува на овие трикови кои имаат за цел на целата работа да и дадат политичка заднина, наместо целата работа да се заврши правно.

Договорот беше многу јасен – обврска на „Јадран филм“ беше да достави готови епизоди во септември, а не да објавува трејлери и сцени во неколку секунди во ноември. Дополнително, Грубишиќ изнесува видео материјали во јавноста, а при тоа ни тие снимки ги нема доставено до Агенцијата за филм.

Ние како Агенција за филм, оставена во милионски долгови и со потпишани мегаломански, а неостварливи проекти од претходната власт, немаме пари да плаќаме ПР агенции, како што тоа го прави „Јадран филм“ во Скопје. Сега Грубишиќ е спремен да потроши илјадници евра за маркетинг кампања, да узурпира медиуми кои ќе му објавуваат некакви кратки сцени за да сее магла пред јавноста дека тој работи, ама ние не му даваме да доработи, но заборава на фактот дека не треба сега да снима и да пласира видеа, тој требал согласно договорот, веќе да има готови епизоди.

Истото во моментов на „Јадран филм“ му се случува и во Хрватска. Некои медиуми објавија дека и таму сметката му е блокирана, а пред два дена Хрватската државна телевизија му раскина договор за продукција на играната серија „Гричка Вештица“. Во официјалниот одговор на ХТВ е наведено дека Винко Грубишиќ не ги исполнувал обврските од договорот. Исто така, во Хрватска се водат неколку судски спорови во последните 15 години во кои е вмешана „Јадран филм“.

„Затоа „Јадран филм“ треба да одговори на други прашања поврзани пред сè, со непочитување на роковите и немањето банкарски изводи за парите – каде се трошеле? А не после непочитување на сите рокови да објавува видеја со измислени сцени, кои имаат намера да дискредитираат. Воедно ги замолувам медиумите за објективен пристап кон ова прашање со цел да им овозможиме на државните институции да ги вратат парите стекнати на незаконски начин“, соопштува Тозија.

М.Ивановска

Tags: 300.000 евраАгенција за филмГорјан ТозијадолговиМакедонијапари
Share691Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ