Активистите на невладини организации, поддржан и од граѓани, денеска на оградата пред зградата на Владата во Приштина закачија стотици вратоврски и кошули во знак на протест поради зголемувањето на платата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Куштрим Мехмети од организацијата “Зад ѕидовите”(Beyond the Walls), чие седеше е во САД, рече дека по апелот на социјалните мрежи собрани се 214 вратоврски и неколку десетици кошули кои ги закачиле на оградата околу зградата, каде што се наоѓа канцеларијата на Харадинај.
Пред зградата излезе само Директорот на канцеларјата за односи со јавноста во Владата, Халил Матоши, кој на насобраните иронично им се обрати со честитка за празниците и им подели примероци од извештајот за 100-те дена работа на Владата, земајќи при тоа една вратовска.
Таквото однесување на граѓаните следува по изјавата на Харадинај дека му требаат пари за вратоврски и кошули, како одговор на лавината реакциии, откако за себе и владиниот кабинет платите ги зголеми двојно.
Просечната плата на Косово е 354 евра.
Минатата недела, косовската Влада донесе одлука бруто платата на премиерот Харадинај двојно да се зголеми и тоа од 1.500 на 2.950 евра. Потпретседателите на Владата ќе имаат плата од 2.500 додека министрите по 2.000 евра бруто плата. Повисоки плати ќе имаат и некои државни службеници, судиите и обвнителите.
Одлуката за покачување на платите стапува во сила на први декември.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.