• Latest
Фото: миа.мк/архива

Врховен суд: Потребен е поунифициран и посистемататичен пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот, како и измени на Кривичниот законик

August 10, 2023

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Врховен суд: Потребен е поунифициран и посистемататичен пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот, како и измени на Кривичниот законик

August 10, 2023 18:01
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Фото: миа.мк/архива

Фото: миа.мк/архива

Share on FacebookShare on Twitter

Потребен е поунифициран и посистемататичен пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот, како и соодветни измени на Кривичниот законик, е ставот на Врховниот суд донесен врз основа на заклучоците од Одделот за казниви дела и Одделот за судска практика на барање на претседателот на Врховниот суд во согласност со Законот за судовите и Деловникот за работа на Врховниот суд.

Како што денеска соопштија од Врховниот суд на Република Северна Македонија, за заклучоците и предлозите за конкретното правно прашање, уредно е известен Судскиот совет и тоа со дописи од 10.12. 2021 година и од 9.5.2022 година.

Во соопштението се наведува дека Врховниот на сопствена иницијатива, но и по поднесени дописи од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во повеќе наврати го разгледувал прашањето за казнената политика на судовите за кривичните дела од областа на сообраќајот.

– Воедначувањето на судската практика Врховниот суд го остварува само во постапка предвидена со закон. Можноста за воедначување на судската практика во однос на ова правно прашање е ограничена во стадиумот на постапување пред Врховниот суд на Република Северна Македонија со оглед дека секој предмет има свои особености и ниту еден предмет не може да се стави во корелација со друг предмет, информираат од Врховен.

Во поглед на директната интервенција во казнената политика за кривичните дела од областа на сообраќајот, Врховниот суд појаснува дека може да интервенира во одлуката за казна само кога постои законска можност, односно во жалбена постапка, додека по вонреден правен лек нема законска надлежност да интеревенира во изречена кривична санкција доколку истата е одмерена во законски пропишаните граници.

Tags: врховен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ