Врховниот суд на Чеченија ги потврди пресудите на младите Салех Магамадов и Исмаил Исаев, членови на ЛГБТК, кои претходно беа уапсени во Нижни Новгород. Информираат од „Кризна група СК СОС“, пренесува Каспаров.ру.
Судот ја потврди, без какви било измени, одлуката на Окружниот суд во Ачкој-Мартан, кој го осуди Исаев на 6 години во казнена колонија, а Магамадов на седум години во колонија на строг режим.
Тие се прогласени за виновни за учество во формирање на банда (дел 2 од член 208 од Кривичниот законик). Според истражителите, во есента 2020 година тие му помогнале на милитантот Рустам Борчашвили со храна.
„Браќата не ја признаваат својата вина и сметаат дека случајот против нив е фабрикуван поради омраза кон нивната сексуална ориентација и атеистички, опозициски ставови“, се вели во пораката.
Младите беа приведени во Нижни Новгород во февруари 2021 година. Чеченските безбедносни сили упаднале во станот во кој живееле. Околу две недели по притворот, нивните адвокати не смееле да се видат со нив, а нивните роднини биле под притисок.
„Браќата“ зборуваа и за тортурата.
Едниот од „браќата“ е хомосексуалец, другиот е трансроден на хормонска терапија. Тие се преселиле во Нижни Новгород поради тортурата на која биле подложени по притворот во април 2020 година. Исаев и Магамедов беа администратори на четот „Осал Нах 95“, која ги критикуваше чеченските власти. Тие и другите тинејџери биле принудени со тортура да се извинат.
Подготви: Жорж Димовски