• Latest

Верификувани мандатите на новите пратеници

November 2, 2017
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Верификувани мандатите на новите пратеници

November 2, 2017 10:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата собраниска седница по локалните избори заврши со констатирање на оставките на пратениците, кои добија градоначалнички функции на локалните избори, како и со верификација на мандатите на нивните наследници.

Откако претседателот на Собранието, Талат Џафери ги констатираше оставките и констатираше дека пратениците заминуваат, оние коишто беа избрани за градоначалници ја прекинаа седницата чекајќи го извештајот на Државната изборна комисија.

Собранието на почетокот на 18-та седница ги констатира оставките на петмината пратеници кои станаа градоначалници во првиот круг од изборите, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Коста Јаневски и Максим Димитриевски. Собранието денеска констатира и престанок на пратничките мандати и на пратениците, Бардиљ Даути од ДПА и на Зеќирија Ибраими од БЕСА, кој оставката до Парламентот ја доставил пред вториот круг од изборите.

Новите пратеници кои во Парламентот ќе ги заменат избраните градоначалници седнаа во пратеничките клупи откако Собранието ги верификуваше нивните мандати со 78 гласа „за“. Татјана Лалчевска, Анета Симевска Димовска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадиновски седнуваат на местата на нивните сопартијци кои станаа градоначалници.

На местото на Бардул Даути од ДПА доаѓа Мерал Узеини, додека Реџеп Мемети доаѓа на местото на Зекири Ибраими од БЕСА.

Пратениците Благој Бочварски, Курту Дудуш кои однесоа победа во вториот круг ќе треба да ги почекаат конечните официјални резултати од ДИК пред да се збогуваат со пратеничките функции. На денешната седница присуствуваат пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: верификацијаградоначалницимандатиСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ