• Latest
Фото: Скриншот од видео на
MY TV MYANMAR

Вршителот на должноста претседател на Мјанмар почина по долго боледување

August 7, 2025

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вршителот на должноста претседател на Мјанмар почина по долго боледување

Хунтата на земјата го именуваше Мјин Све за вршител на должноста претседател откако со пучот во 2021 година ја собори цивилната влада предводена од Аунг Сан Су Ќи

August 7, 2025 11:16
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот од видео на
MY TV MYANMAR

Фото: Скриншот од видео на MY TV MYANMAR

Share on FacebookShare on Twitter

Вршителот на должноста претседател на Мјанмар, кој дојде на власт по пучот во 2021 година, Мјин Све, почина, соопштија воените лидери на оваа југоисточна азиска земја, пренесува Би-би-си.

Пред неговата смрт, Мјин Све (74) беше на лечење повеќе од една година поради влошување на здравјето.

Лидерот на хунтата, Мин Аунг Хлаинг, ги извршуваше главно церемонијалните должности на Мјин Све од јули 2024 година.

Хунтата на земјата го именуваше Мјин Све за вршител на должноста претседател откако ја собори цивилната влада предводена од Аунг Сан Су Ќи.

Тој почина во болница во главниот град Нај Пји Тау во четврток во 08:28 часот по локално време (02:58 GMT) поради „невродегенеративни болести и сродни невролошки нарушувања“, соопшти хунтата.

Закажан е државен погреб за Мјин Све, соопшти хунтата.

Како вршител на должноста претседател, тој одобри повеќекратни продолжувања на вонредната состојба во земјата.

Во среда, државниот весник „Глобал њу лајт оф Мјанмар“ објави соопштение на хунтата во кое се најавува дека Мјинт Све е во „критична состојба“, откако „доживеал губење на тежина, губење на апетит, треска и пад на когнитивната функција“ во јули.

На почетокот на 2023 година, Мјинт Све „почнал да доживува тромост во движењето и способноста за консумирање храна и хранливи материи“, се вели во соопштението.

Се додава дека тој примил третман во Сингапур во април 2024 година и заминал на медицински одмор во јули 2024 година.

Превирањата во продолжуваат од пучот во 2021 година, со граѓанска војна што продолжува меѓу силите на хунтата и етничките вооружени групи.

Д. Мишев

Tags: Мјанмарпочина вршителот на должноста претседателхунта
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ