Categories

МОБ Втор хуманитарен концерт на Павле Камилоски

На 21 септември Павле Камилоски ќе одржи втор целовечерен концерт „Мала Италија патува“ во Македонската опера и балет, од кој приходот од билетите ќе биде дониран за Одделот за онкологија во Клиниката за детски болести.

Првиот концерт, на кој Камилоски ќе изведе италијански, француски и шпански балади, е закажан за 19 септември во МОБ. Тој го иницираше проектот минатата година, а новина е што втората вечер концертот е хуманитарен.

Камилоски вели дека проектот „Мала Италија патува“ настанал спонтано и од голема љубов кон медитеранската музика.

– Успехот на проектот за мене не би бил целосен, доколку не го споделам со една од најважните здравствени установи во нашата земја – Клиниката за детски болести во Скопје. Имам најубави емоции на концертите и  верувам дека чувството кога ќе пеам за децата од Онколошкото одделение не се споредува со ниту едно друго. Среќен сум што ќе придонесам за разубавувањето на реалноста на пациентите сместени на тоа одделение, изјави Камилоски. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email