Дел од опозициските пратеници поднесоа апсурдни и срамни амандмани за да го блокираат Собранието! Опозициските пратеници по секоја цена се обидуваат од Собранието да направат циркуз, наместо во највисокиот законодавен дом да се носат мерки и политики во интерес на државата и граѓаните, особено сега во време на пандемија.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук објавил дека поднел амадман до Собранието за пратениците при работа од далечина да може да се да се вклучат само од дневна или работна соба, а не од спална или од тоалет, додавајќи го хаштагот #ВиртуелноОнјалнСобраниеОдWCшколка.
Опозицијата со 3.000 амандмани ги блокираше измените на деловникот на Собрание, со кои би се овозможило седниците да се одржуваат онлајн. Најмногу реакции на социјалните мрежи предизвикаа амандманите поднесени од пратениците на Левица кои бараат пратениците да имаат пред себе велигденските јајца за време на христијанскиот празник Велигден, при онлајн седницата.
Дел од барањата на Левица се и пратениците да не се носат маици со автомеханичарски обележја или обежежја на фризерски салони.
Со измените на Деловникот, Талат Џафери предлага можност заразените пратеници со коронавирус, како и оние кои добиле решенија за изолација поради контакт со заболен, а се негативни на ковид-19, да може да се приклучат електронски и да учествуваат во работата на Собранието од дома, дури им траат решенијата за изолација. За други болести измените на Деловникот забрануваа онлајн вклучување при отсуство.
Д. М.