Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева на компромисно решение во преговорите со Приштина во наредните денови, но дека „за (регистрациските) таблички и за некои крупни прашања такво решение воопшто не може да се постигне“, jави Бета, пренесува МИА.
„Ќе ги продолжиме разговорите и верувам дека во деновите што следуваат ќе успееме да постигнеме компромисно решение, барем за мал дел, бидејќи е јасно дека такво решение воопшто не може да се постигне во однос на таблиците и некои поголеми прашања“, објави синоќа Вучиќ преку својот Инстаграм профил.
По неуспешните преговори во Брисел, специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, ги посетија Приштина и Белград во обид да постигнат договор до 1 септември меѓу Белград и Приштина за регистерските таблички и влезно-излезни документи.
Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева оти преговорите се на добар пат и разговорите продолжуваат.
„По втората рунда разговори доцна синоќа, се надевам дека сме на добар пат. Го ценам искрениот напор на претседателот на Србија да се поддржи европско решение. Нашите разговори ќе продолжат“, напиша Лајчак денеска на Твитер.
Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар доцна синоќа разговараа со Вучиќ вторпат во текот на вчерашниот ден.
По неуспешните преговори во Брисел, Лајчак и Ескобар ги посетија Приштина и Белград во обид до 1 септември да се постигне договор за регистарски таблички и влезно – излезни документи.
М.Д.