Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утре ќе престојува во посета на Косово, каде ќе разговара со политичките претставници на Србите и со граѓаните јужно од реката Ибар, соопштија денеска од неговиот кабинет.
Како што се наведува, Вучиќ посетата ќе ја почне со обиколка на манастирот Бањска, по што ќе се состане со српските претставници на Косово на Техничкиот факултет во Северна Митровица.
Тој, во попладневните часови ќе престојува во Лапље Село кај Приштина, каде ќе разговара со граѓаните во Домот на културата.
Вучиќ ја најави посетата на Косово во вторник, оваа недела, по седницата на Советот за национална безбендост која беше свикана по убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби.
Косовските власти во средата соопштија дека го одобриле барањето на Вучиќ за посета на Косово.
Извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.